Зошто МПЦ-ОА го бојкотираше генералниот секретар на НАТО?

Date:

Share post:

Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан вечерва не се појави на свечената собраниска седница на која обраќање имаше генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Во Собраниската сала беа сите останати поглавари на верските заедници во Македонија, а од православната црква немаше ниту еден претставник.

По говорот Столтенберг прво се поздрави со Реисот Шакир Фетаху, а потоа и со Бискупот Киро Стојанов. Па така ако некој го гледал преносот од страна веројатно ќе заклучи дека Македонија е муслиманско  – католичка држава, без православно населние.

Зошто МПЦ-ОА го бојкотираше генералниот секретар на НАТО, дали е тоа официјална политика на црквата, или пак лична одлука на Архиепископот Стефан.

Од Кабинетот на Поглаварот на МПЦ-ОА, на прашањето од религија.мк „Зошто Архиепископот не е во Собрание, и дали е поканет“, велат дека имал неодложни обврски.

-Поканет е, но поради претходно договорени и неодложливи обврски, (поканата за Собрание беше испратена вчера приквечер), за жал, не може да присуствува, велат од Кабинетот на Архиепископот во изјава за Религија.мк. Оттаму потврдуваат дека Архиепископот не делегирал свој претставник како замена, но не одговорија зошто.

Сепак, во контекст на актуелните случувања и според сите дипломатски протоколи, неприсуството на претставник на МПЦ-ОА на говорот на Столтенберг во Собранието е неодговорно и кон црквата и кон државата, и исклучително симптпматичен чекор кој не може поинаку да се протолкува освен како нејзин бојкот на НАТО.

4 COMMENTS

  1. Кој го врти Столтенберг… Да дојдеше новиот руски император, во придружба на новиот српски краљ, дедовците од Синодот, како попчиња, ќе се нацртаа на баци рака.
    Уствари, доволен е еден телефонски повик за пеш да одат до Москва преку Белград или Софија, сеедно.

    Сепак, крвта не е вода. Повеќе милуваат на тенк со митралез отколку на крст со љубов.

  2. Koi se dodirni točki na misiite na NATO i Pravoslavnata crkva pa poglavarom da se sretnuva so misioneri na NATO.

  3. Столтенберг? Генералниот сектетар на НАТО? Каква обврска има Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан кон него? Како може оние што го прогласуваат за неправославен односот на Московскиот Патријарх кон Претседателот на Руската Федерација да очекуваат Архиепископот Стефан да чувствува обврска да развива макар и протоколарни љубезности кон генералниот секретар на НАТО алијансата? И со тоа да сведочи некој поправославен однос од оној на Московскиот Патријарх кон Претседателот на Руската Федерација, која е впрочем негова татковина?!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here