Почетна Коментар Зошто македонските „црковни патриоти“ молчат за новите српски граници што ги црта СПЦ?
Зошто македонските „црковни патриоти“ молчат за новите српски граници што ги црта СПЦ?

Зошто македонските „црковни патриоти“ молчат за новите српски граници што ги црта СПЦ?

745
3

Македонската, а особено македонската црковна јавност или не ја разбира суштината на претстојните уставни измени на СПЦ, или недоволно ја сфаќа сериозноста која се навестува од Црковен Белград, па „мудро“ молчи пред очигледните етнофелитистички и националшовинистички територијални претензии што СПЦ ги наговестува кон Македонија.

За разлика од домашната, македонска црковна јавност, на територија на поранешна Југославија веќе отворено се зборува за намерата на српските владици да исцртаат граници на една нова српска држава, која ниту реално некогаш била, ниту пак реално некогаш ќе постои…

Новата титула на Патријархот српски, која според најавите на српските медиуми во иднина ќе биде „Патријарх на српските и поморски земји“, е прашање за кое македонските духовници, кои грлесто се нафрлуваа на идејата и намерата МПЦ да побара признавање од Бугарската Патријаршија и на тој начин да го отворори деценискиот спор и пред целокупната Православна екумена, сега молчат…

Интересно, но за мене неразбирливо е како македонските „црковни патриоти“, владиците Петар и Агатангел препознаа отворени закани од Бугарската црква за МПЦ и така ревносно ја бранеа МПЦ од некаква си бугаризација, а сега не ја гледаат јасната србизација на МПЦ и Македонија од Белград…

Намерите на српските владици преку уставни измени и преку титулата на српскиот патријарх да исцртаат јасни граници на, како што ги нарекуваат српските држави, не ја коментираат ниту од Јовановата ПОА, која ревносно се обидува да ја убеди македонската јавност дека била автономната црква во составот на СПЦ.

Зошто Вранишковски, кој влезе во составот на СПЦ врз основа на Нишкиот договор, а дејствува на територијата на суверена и независна Република Македонија, (кој патем учествувал во изработката на новиот Устав на СПЦ, не им одговори на неговите верници, а потоа и на јавноста зошто и оваа територија (Македонија) не е вклучена во називот на титулата на Патријархот на СПЦ … или попрецизно… да каже каде припаѓа Македонија во тој назив, во приморски или во српски држави? Исто така може ли да прецизира каде се наоѓа ПОА во тој Устав, кој статус ќе го има?

Од она што го објавија српските медиуми, никаде не може да се прочита дека ПОА има дефиниран статус како автономна црква во состав на СПЦ. Имено, тринаесет од постоечките епархии ќе станат митрополии, односно ќе го добијат истиот статус кој го има Јован Вранишковски. Единствено нешто што ПОА би ја разликувало од било која српска епархија, би бил Синодот. Но, во СПЦ постои и тоа – Митрополитот Црногорско-приморски има свој митрополитски Синод, а е составен дел од СПЦ.

Она што е искулучително важно е што со новиот Устав на СПЦ се бетонира статусот на ПОА како составен и неразделен дел од СПЦ, бидејќи јасно е посочено дека избирањето на Патријархот на српските и поморски земји ќе биде и од редовите на ПОА. Тоа значи дека се уништува секаква можност за нејзино напредување кон потполна независност.

Во контекст на ова, би било полезно да потсетиме дека Патријархот г. Иринеј, во своето поздравно слово кон Светиот и велик собор на Православната црква во Крит, 2016 година, рече: „У име српског народа и Српске Православне Цркве, поздрављам овај благословени скуп […] преносим вам поздраве Срба из отаџбине и многих Срба расејаних широм света“.

Иако е предвидено македонскиот народ, кој ја „ужива“ автономијата на ПОА, да биде претставуван на помесните собори од страна на СПЦ, тој никаде не беше спомнат во овој поздрав, како ни православните Црногорци, Хрвати, Словенци и сите останати народи и во склоп на „неетнофилетистичката“ СПЦ.

Пишува: Марјан Николовски

Коментар(3)

  1. Опет тенденциозно и површно се покушава представити нешто што нема везе са стварношћу. Још једном ћу рећи да је титула “Патријарх српских и поморских земаља” уствари успомена на титулу Светог Саве који је био “Архиепископ српских и поморских земаља”. Добра страна овог чланка господина Николовског је то што сада знамо ко је бугарофил . Само ћу на крају рећи да је у овим питањима етнофилетизам код свих балканских народа ,посебно Бугара , прети да угрози јединство Једне Свете Православне Цркве .

  2. Македонската црква отсекогаш била поделена и останува поделена. Ако се водиме дека е вистина Бугарската Егзархија, тогаш е вистина и Кралството Југославија. Не може да е вистина едното, а да не е вистина другото. Јас како граѓанин, во сеуште некаква климава демократска земја искажувам мислење и став преку овој коментар дека едните се со србите, другите со бугарите, трети има и што се со грците, но ете тие се најмалку. Ако Владиците Петар и Агатангел, тие се пред се Владици, а ти ги пишуваш под име само, што кажува за тебе многу како човек и како новинар, најмалку се проблем. Проблем се Игумент Архимандрит Партениј кој сеуште сонува да стане Владика, и тој “Исихастот” Дедо Наум кои си се пристраствени према Бугарите, или си имаат некои свои нивни политики поврзани со БПЦ. И тие не можат да зборуваат во името на цела МПЦ дека ние треба да се водиме по некога историја дека сме Бугари. Постојат луѓе кои не сакаат да се чувствуваат како Бугари знаејќи какви проблеми ни направија тие Бугари. Сега сакате да поверуваме дека таа историја ја напишале комунистите? како тоа тие неписмени комунисти одеднаш измислија толку голема историја и променија се и сешто? Бугарите биле окупатори на овие простори, и тие ќе останат тоа во историјата на Македонскиот народ. Немој да спинуваш и да зборуваш небулозни глупости зошто народот знае од каде се сите овие информации. Јас како граѓанин немам ништо против Старецот Партениј и Квази Исихастото Дедо Наум. Тоа се нивни лични ставови. Но, имам против кога истите тие ја мешаат МПЦ. Тие нека си прават што сакаат со БПЦ, ама МПЦ нека ја тргнат од глупостите Мајки и ќерки и такви кретенизми. Убав коментар горе од СЛОБОДАН. Сега е јасно дека ти си Бугарофил, и тоа многу јасно изгледа тоа. Не треси те молам зелени да те читаат за таа Југославија, интелектуалец си, срамота е. И точно, Бугарите се плашат од единството на една Света Православна Црква (ИКУМЕНИЗАМ).

  3. Све у своему, бугари су криви за све! И бити чак налик бугарофила наjгори je грех против икуменске цркве. Зато бити србином сигуран jе пут на Христу. Битно jе да око тога се слажу Смит, Слоба, и сабор СПЦ . Аксиос!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *