„Има ли идеолошки индоктринации во македонското образование?!“, беше насловот на трибината“, што се одржа пред два дена во организација на Родителски фронт во Скопје. За предизвиците со кои се соочува македонското општество зборуваа, универзитетската професорка Тања Каракамишева – Јовановска, Епископот Стобиски Јаков и м-р Гоце Бумбароски, одделенски наставник.
Професорката Таракамишева – Јовановска имаше исклучително значајна и прецизна анализа за реалноста и низ правен аспек понуди решенија кои се значајни за општествата како македонското, а кои се соочуваат со предизвиците околу образованието и родовите идентитети.
Викарен Епископ Стобиски Јаков во својот настап зборуваше за последиците ако несериозно му се пристапува на ова прашање и ако државните институции не најдат соодветен модалитет за заштита на основните човекови права на децата и на семејството. Објаснувајќи ги позициите на црквата, епископот Јаков, како и неколку пати претходно успева да го елаборира ставот на црквата за оба значајно прашање, низ една конструктивна општествена дебата.
Оваа трибина е дел од неколкутие јавни настапи претходно и на други преставници на цркватам кои отвараат една поширока јавна дебата за ова сензитивно прашање со кое Македонија се соочува и на патот кон нејзиното полноправно членство во Европската Унија.
Иако многумина го спорат правото на Црквата да зборува на оваа тема, сепак таа има општествена одговорност и нејзините јавни настапи не се кршење на секуларизмот, без ралзика дали тие настапи се во форма на трибини, интервјуа или коментари во јавните гласила.
Крајната цел, како што вели и професорката Каракамишева – Јованоска е да се најде правен модалитет, кој може да биде уникатен за секоја држава членка на Унијата, со кој ќе се регулираат и човековите права, но и верските слободи.
Погледнете ја целата трибина:

