Почетна Вести Христијанство Значајна донација од владата на Викторија за македонскиот културен центар во Австралија
Значајна донација од владата на Викторија за македонскиот културен центар во Австралија

Значајна донација од владата на Викторија за македонскиот културен центар во Австралија

55
0

Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија добила значајна донација од Владата на Викторија за изградба на Македонскиот културен центар во Епинг.

Минатиов петок во просториите на Македонската Православна Општина за Мелбурн и Викторија (МПОМВ), во име на викторискиот министер за мултикултурни работи Робин Скот, пратеничката Бронвин Хафпени, која е избрана за подрачјето на Томастаун, објавила дека владата на Викторија дава финансиска поткрепа од 375,000 австралиски долари за изградбата на Македонскиот културен центар.

Оваа донација е остварена благодарение на големото залагање на пратеничката Хафпени и повеќегодишната неуморна работа на управата на чело со претседателот Мирчо Ангеловски, кои професионално ја подготвија документацијата и го изведоа процесот на вистински пат. Досега нашата заедница во Викторија нема добиено ваков грант со толку голем износ и можеби тој е своевиден рекорд, пишува во текстот на австралиско-македонскиот весник „Тудеј“

Управата на МПОМВ предвидува новиот двоспратен културен центар да биде опремен со приемна сала, библиотека, неколку канцеларии, амфитеатар за предавање/кино сала, радио студио и музеј.

-Идејата е да се задоволат различните културни потреби на македонската заедница. Ние веруваме дека овие нови простории ќе допринесат кон создавање на една конструктивна културна креативност, особено за младите во нашата заедница, и нивниот развој како одговорни австралиски граѓани. Неопходно е да се одржува заедницата за да се одбегнат опасностите на отуѓување кои постојано се присутни во секој современ град. Згора на тоа, такви објекти им недостасуваат на северните предели на Мелбурн. Затоа, ќе овозможиме нашиот нов културен центар да биде достапен за користење од страна на пошироката австралиска јавност како и за другите етнички групи. Во заклучок, би сакал да изразам една голема благодарност до министерот Скот за неговата предвидливост, а исто така и до Бронвин Хафпени, нашиот локален член на викторискиот парламент, за сите нејзини совети и континуирана поддршка, вели претседателот на МПОМВ, Мирчо Ангеловски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *