Зевзек за Центар се одјави, како и што се пријави – политичката сатира го чека гласањето в недела

Date:

Share post:

Како и останатите учесници на овие локлани избори, денеска својата кампања ја завршија и кандидатите за советници во општина Центар од независната листа Зевзек за Центар.

Нивниот пристап со хумор и сатира дефинитивно беше најоригинален и најпрепознатлив за овие локални избори.

Нешто ново, досега невидено на македонската политичка сцена.

Во тој стил е и нивниот финален спот во кој се појавуваат неколку од кандидатите за советници.

Листата Зевзек за Центар под број 75 ја предводи новинарот Горан Ѓуровски, а на нејзе се еминентни ликови од општина Центар, но и млади талентирани, меѓу нив и математичарката Бубе Маниќ.

Низ хумор и сатира, оваа листа не само што ја отсликува политичката реалност, туку ги презентираше и своите адути како програма, наречена 100 грама центарска програма.

Без разлика на стилот на презентација, таму има многу реални и квалитетни решенија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img