Почетна Вера Жените во Скопје ја обновуваат традицијата на „мукабеле“
Жените во Скопје ја обновуваат традицијата на „мукабеле“

Жените во Скопје ја обновуваат традицијата на „мукабеле“

130
0

Традицијата на мукабеле, која со векови продолжува, и оваа година се практикува од страна на муслиманските верници во Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).

Мукабелето, османлиска традиција којашто е зачувана и во Скопје, се враќа во времето кога се практикувала, откако доживеа прекин во 90-тите години.

Со доаѓањето на светиот месец Рамазан се извршуваат мукабели во џамиите и во домовите во Скопје, а оваа година за првпат се одржува мукабеле наменето само за жени и во културниот центар „Јигит-паша“ кој се наоѓа во Старата скопска чаршија.

На мукабелето, каде што се чита Куран од страна на четири жени хафизи, покрај лицата кои сакаат да го научат Куранот наизуст, учествуваат и жени кои не знаеле да читаат Куран, а се научиле во овој центар.

Хафиз Кадрије Сулејман, одговорна за мукабелето, во својата изјава за АА истакна дека со радост го пречекале светиот месец Рамазан, за кој божјиот претеник Мухамед вели: „Почетокот е милост, средината е простување, а крајот е спас од пеколот“.


Хафиз Кадрије Сулејман, одговорна за мукабелето.
( Vedat Abdul – Агенција Анадолија )

Сулејман пренесе дека на Балканот, особено во Скопје, има поразлична атмосфера во месецот на постот Рамазан, и истакна дека жените хафизи од Скопје ја продолжуваат традицијата на мукабеле, која потекнува од периодот на пратеникот Мухамед.

Сулејман нагласи дека одлучиле мукабелето да го продолжат во културниот центар „Јигит-паша“ кој е реставриран од страна на турската општина Бурса, а е пуштен во употреба минатиот Рамазан. „Сакам да изразам благодарност до општина Бурса, им благодарам на сите кои ни дадоа ваква можност. Ова мукабеле ќе се чита од страна на млади жени хафизи. Во текот на месецот на постот Рамазан, младите жени хафизи Туба Ибиш, Беру Емин и Хабибе Локи, вклучувајќи ме и мене, ќе читаме по еден џуз (еден од триесетте делови) од Куранот“, вели Сулејман.

Исто така, таа истакна дека со цел да бидат поактивни за Рамазан, по читањето Куран, одржуваат и едно кратко предавање, и истакна дека еден ваков настан за првпат се организира во културниот центар „Јигит-паша“.

Од друга страна, Сулејман информираше дека во овој културен центар претходно се одржале различни активности со ученички од средно училиште, студентки од Скопје, како и од градовите од Источна Македонија. „Можеби ова убаво место не е познато толку многу. Ќе продолжиме со нашите активности со цел подобро да се промовира ова место, и за добро да се користат овие простории на центарот“, додаде Сулејман.

Сулејман упати честитки до сите по повод светиот месец Рамазан.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *