Почетна Вести Свет Жените во Иран протестираа против присилното носење хиџаб
Жените во Иран протестираа против присилното носење хиџаб

Жените во Иран протестираа против присилното носење хиџаб

47
0

Жените во повеќе градови во Иран протестираа против носење хиџаб, а полицијата во главниот град Техеран уапсила 29 лица поради учество во протестите.

Револтирани од строгите правила за облекување, жените ги тргаа хиџабите и мавтаа со нив.

Иранската полиција тврди дека на однесувањето на тие жени влијаеле странци, меѓутоа, Масих Алинеџад, една од активистките, за Си-Ен-Ен изјави дека никој од странство не ги поттикнал на тоа.

Жените во Иран мораа да носат хиџаб уште од 1979 година.

 

Но, во последните месеци полицискиот притисок за „пристојно“ облекување е ублажен, па жените повеќе не се апсат и затвораат, туку наместо тоа добиваат мала парична казна.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *