Почетна Вести Свет Жени влегоа во храм во Индија спротивно на стогодишна забрана – избија насилни протести (ВИДЕО)

Жени влегоа во храм во Индија спротивно на стогодишна забрана – избија насилни протести (ВИДЕО)

163
0

Конзервативни хиндуистички групи предизвикаа блокада на јужната индиска држава Керала денес, протестирајќи против државните власти кои на две жени им дозволија претходно да влезат во хиндуистички храм и покрај древна забрана.

Околу 400 демонстранти, меѓу кои и жени, ги зазедоа улиците на Кочи, комерцијалниот центар на Керала, а ги поддржаа функционерите на хиндуистичката националистичка партија БЈП на премиерот Нарендра Моди и партијата РСС, врз чија идеологија е создадена БЈП.

Голем број продавници и помали канцеларии се затворени откако хиндуистичките групи повикаа на прекин на работата низ земјата. Повеќето автобуси и такси одбиваат да ги возат патниците, а некои возачите изјавија дека се плашат од напади.

Две жени влегоа вчера во хиндуистички храм во Керала на југот на Индија и со тоа се спротивставија на вековната забрана.

Жените во свои четириесетти години влегоа во просториите на храмот Сабаримала и со тоа ја прекршија традицијата според која жените во репродуктивна доба, од 10 до 50 години, не смеат да влезат во храмот.

Конзервативните хиндуистички групи веруваат дека жените во репродуктивна доба можат да го осквернават светилиштето. Локалните медиуми јавија дека главниот свештеник го затворил храмот за обред на „прочистување“ по посетата на жените.

Владата ја брани својата одлука за заштита на жените кои сакаат да го посетат храмот, наведувајќи дека тоа е прашање на граѓанските права.

Индискиот врховен суд ја укина на крајот на септември минатата година забраната за жените и девојките на возраст од 10 до 50 години да влезат во познатиот храм во државата Керала на југот на земјата. По одлуката на судот избија насилни протести во таа држава.

Во некои хиндуистички заедници жените во репродуктивната доба се сметаат за нечисти, што предизвикува многубројни ограничувања и целосна забрана за влез на жените на таа возраст во одредени места.

Укинувајќи ја забраната, врховниот судија кажа дека „ограничувањата наметнати во храмот Сабаримала не може да се сметаат за основна верска практика“.

/MKD.MK

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *