Почетна Вести Свет Жена со хиџаб прв пат на насловната на британски „Вог“
Жена со хиџаб прв пат на насловната на британски „Вог“

Жена со хиџаб прв пат на насловната на британски „Вог“

133
0

Познатата манекенка Халима Аден, избрана е да го краси британското издание на престижниот моден магазин „Vogue”.

Воедно таа е и првиот модел, кој во 102 години од постоењето на овој магазин се појавува на насловната страница со хиџаб на глава.

Покрај оваа убавица, на насловната страница се наоѓаат уште осум жени: Адут Акех, Радика Наир, Јун Јанг Бае, Фарета, Френ Самес, Викторија Черети, Палома Елсесер и Селена Форест.

Иако е ориентиран кон модата, убавината, поп културата, „Vogue” веќе подолго време беше на мета на критики поради тоа што не ја слави различноста во модната индустрија.

За потсетување, само пред два месеци „Vogue” се соочи со проблеми во јавноста поради насловната страница, на која се појавија актерките Марго Роби и Никол Кидман.

Со овој потег, магазинот „Vogue” покажа дека ја слави различноста.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *