Зеленски телефонски разговарал со папата Лав Четиринаесетти, го поканил да ја посети Украина

Date:

Share post:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека денеска по првпат телефонски разговарал со новоизбраниот папа Лав Четиринаесетти. Го поканил да ја посети Украина оценувајќи оти таквата посета би им донела вистинска надеж на сите верници и на целиот украински народ. Се договориле да останат во контакт и да остварат лична средба во блиска иднина.

Нарекувајќи ја дискусијата топла и суштинска, Зеленски во објава на социјалните мрежи информира дека го известил папата за подготвеноста на Украина за понатамошни преговори во кој било формат, вклучително и директни разговори, а оти слични чекори очекува и од Русија.

„Разговаравме и за илјадниците украински деца депортирани од Русија. Украина смета на помошта на Ватикан за нивно враќање дома кај нивните семејства. Го информирав папата за договорот меѓу Украина и нашите партнери дека, почнувајќи од денес, мора да започне целосен и безусловно прекин на огнот од најмалку 30 дена“, пишува Зеленски во објавата на социјалните мрежи.

Му се заблагодарил на папата за поддршката на Украина и додаде дека украинскиот народ длабоко ги цени неговите зборови за потребата од постигнување праведен и траен мир и ослободување на затворениците.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Германски поклоници и политичка делегација го посетија Теолошкиот факултет во Халки

Теолошкиот факултет на островот Халки, во рамките на Вселенската Патријаршија, го посетиле две значајни групи посетители: германски православни...

Израз на солидарност од православен митрополит по сообраќајна несреќа во Стокхолм

Автобус на јавниот превоз во Стокхолм, Шведска, излетал од својата траекторија и удрил во автобуска постојка, при што...

Британски пастор предупреден од полицијата дека библиска порака на неговиот кaмпер (возило) може да се смета за „говор на омраза“

Во Ланкашир, на северозападот од Англија, полициски службеник предупредил 59-годишен христијански пастор дека библиски стих поставен на задниот...

Грчкиот министер за надворешни работи: „Потребна е итна заштита на христијанските заедници на Блискиот Исток“

Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас ја истакнал неопходноста од итна заштита на христијанските заедници во поширокиот регион...