Почетна Вести Христијанство Зечевиќ во посета на Бигорскиот манастир: Да се сплотиме како општество околу клучните прашања за иднината на државата
Зечевиќ во посета на Бигорскиот манастир: Да се сплотиме како општество околу клучните прашања за иднината на државата

Зечевиќ во посета на Бигорскиот манастир: Да се сплотиме како општество околу клучните прашања за иднината на државата

377
0

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, денеска го посети Бигорскиот манастир, каде вториот ден од големиот христијански празник Божик го помина во средба со епископот антаниски и игумен на Бигорскиот манастир, г. Партениј.

Како што соопштуваат од Центарот за комуникации на партијата, на средбата со игуменот тој се осврна на предизвиците кои и претстојат на државата во новата 2022 година.

-Големите празници коишто ги дочекуваме втора година по ред во време на пандемија, нè потсетуваат дека нема ништо покршливо од човечкиот живот. И во физичка, и во духовна смисла. И во оваа 2022 година нè очекуваат бројни предизвици за македонската држава, за граѓаните. Она што посакувам да се случи е подавање рака еден на друг, наместо подметнувања, обединување, наместо раздор, сплотување на сите човечки потенцијали, наместо делење по сите национални шевови. Посакувам конечно да се сплотиме како општество околу клучните прашања за иднината на државата, нагласи Зечевиќ.

Не говори, вели тој, само за политичко обединување, туку за суштинско, и на морално и на духовно рамниште.

-Ние сме мал народ, кој, за жал, сè уште се бори со своите внатрешни демони. Од оваа прашина ние не можеме да ја видиме индината. Разединето општество не може да нè однесе напред, особено кога македонскиот народ и македонската држава е пред клучни предизвици. Ние мора да се обединиме за да го заштитиме нашето достоинство, нашата самобитност, нашиот идентитет во големото семејство на европските државотворни народи, нагласи Зечевиќ.

Генералниот секретар на СДСМ со игуменот Партениј разговараше и за други актуелни теми, стои во соопштението на партијата.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *