
Заврши соборот на СПЦ, ниту збор за разговорите со МПЦ
206
0
Заврши соборот на СПЦ, но во официјалното соопштение нема ниту збор за тоа дали и кога ќе почнат разговорите меѓу двете цркви.
Архиереите на СПЦ само констатирале дека во Македонија и понатаму продолжува прогонот на јовановата ПОА. Оваа реченица е во делот од соопштението кој се однесува на положбата на српската црква во регионот.
Иако Вранишковски веќе две години е на слобода, предуслов кој СПЦ го бараше, сепак од разговорите под посредништво на Руската црква се уште нема ниту трга.
/РЕЛИГИЈА.МК