Почетна Вести Заврши седмиот летен камп по веронаука
18
17
16
15
14
13
12
11
10
9
8
7
6
5
4
3
2
1

Заврши седмиот летен камп по веронаука

225
0

Во манастирот „Св. Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир и неговиот метох, манастирот „Св.Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица, заврши седмиот летен камп по веронаука.

– Нашите два манастира повторно беа украсени со детски џагор и насмеани детски очи. Браќата и сестрите на обострано задоволство, им укажаа гостопримство на дечиња од Прилеп, велат сестрите од манастирот во Рајчица.

Малите манастирски гости ги предводеше нивната наставничка по предметот „Етика на религиите“, Моника Дервеновска.

Досега во двата манастира престојуваа над 250 деца од повеќе градови од државава, кои во текот на петдневниот престој се запознаваат со највозвишената наука за Бога, знаењето за љубовта, верата, надежта, радоста, а учествуваат и во практични манастирски задолженија.

Утре почнува осмиот, претпоследен летен камп, кога манастирски гости ќе бидат деца од Скопје.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *