Почетна Вести Заврши реставрацијата на гробот на Христос, верниците на поклонение

Заврши реставрацијата на гробот на Христос, верниците на поклонение

1.37K
0

Гробот на Исус Христос е откриен денеска на церемонијата во црквата Светиот гроб во Ерусалим, после девет месеци реставрација.

Верници од различни христијански вероисповести, учествувале во церемонијата на откривање на гробот, чија конструкција повторно ја има својата оригинална окер боја,  пренесуваат медиумите.

Гробницата на Исус Христос во црквата на Воскресението Христово во Ерусалим е конкретната гробница која во IV век ја пронашла Елена, мајката на царот Константин, заклучуваат научниците по изврените анализа на содржината на светилиштето.

grob hris 6Ланскиот ноември беше објавено дека археолозите првпат по 500 години го отворија гробот на Христос од која ја отстранија мермерната плоча поставена на гробот во 1555 година. Причината поради којашто била поставена плочата е тоа што многу аџии се обидувале да откршат за себе дел од реликвијата. Под неа беа откриени камења, а под нив уште една плоча со крст, којашто најверојатно ја вдлабиле крстоносците.

Научниците, исто така, открија дека светијата не била допрена. Тие сакаа да дознаат зошто Елена, којашто ги водела ископувањата на Голгота, решила дека токму таму е погребан Исус Христос.

Георадарските и термографските скенери помогнале да се испита содржината на гробот, а за обработка на овие беа потребни неколку месеци. Археолозите се надеваат дека тоа ќе им помогне да создадат виртуелна реконструкција на светилиштето.

grob hris 5Во Кувуклијата, капелата каде се наоѓа Светиот гроб, изминативе месеци траеја реставраторските работи, кои според планираното завршија токму до пролетта 2017 година. Во текот на претстојните проучувања, научниците планираат да појаснат од што се состоела оригиналната површина, на којашто, според писанијата, три дни лежело телото на Исус Христос, како и да дознаат зошто света Елена решила токму на ова место да е локацијата на Светиот гроб.

Капелата првично била подигната над местото на коешто е погребан Исус Христос, во IV век. Таму се наоѓа особено почитуваната меѓу христијаните плоча, под којашто се наоѓало местото на погребението. Секоја година, почнувајќи од IV век на Велика сабота тука се случува чудесното и мистично појавување на Благодатниот оган.

Дрвената капела неколкупати страдала од напади на противниците на христијанството, а исто така и во пожари и земјотреси, и неколкупати била повторно градена. Последниот пат е возобновена во 1810 година. Ова здание двапати страдало од земјотреси, а по стихијата од 1927 година, капелата е зајакната со челични греди.

Според Евангелието, по смртта на Исус Христос неговото тело било положено во една од погребните пештери вдлабени во планината. Имено, таму на третиот ден се случило Воскресението на Исус. Се смета дека света Елена којашто во IV век водела ископувања на планината Голгота, го открила таму крстот на кој бил распнат Христос, а пота на тоа место го основала храмот на Светиот гроб.

Обновувањето на Исусовиот гроб, односно мраморната едикула над спилата во којашто според преданието е положено телот на Исус Христос, ја финансираа христијанските заедници во Светата Земја. Секоја од трите деноминации кои заеднички управуваат со црквата, римокатоличката, гркоправославната и ерменската, придонесоа во проектот со по 3,3 милиони долари.

grob hris 3Кувуклијата се наоѓа под отворена купола на црквата подигната на местото каде што според преданието била спилата во која е положено телот на Исус Христос. Во текот на обновувањето беше расклопена и повторно составена. Само многу кревките и скршени делови во текот на обновувањето биле заменет. Мермерните плочи се исчистени, конзервирани, а структурата којашто ги поддржува е зацврстена.

Една од кулминациите на обновувањето се случи во октомври 2016 година, кога на три дена беше подигната мермерната плоча над самиот гроб. Тоа е сторено првпат по половина милениум, а археолозите имаа единствена можност да земја примероци и да ја испитаат подлогата на најсветото место на христијанството.

На реставрацијата на кувуклијата (едикулата), во изминатите девет месеци работеа и педесетина експерти од атинскиот Национален политехнички факултет.

Во текот на обновувањето, црквата на Светиот гроб беше затворена за јавноста. Во средат таа повторно ќе биде отворена за јавноста на свеченоста на којашто ќе присуствуваат цариградскиот екуменски патријарх Вартоломеј и претставник на папата Франциск.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *