Почетна Вести Заврши распитот на Владиката Петар во полицијата во Мелбурн, го обвинува Владиката Наум дека го мести
Заврши распитот на Владиката Петар во полицијата во Мелбурн, го обвинува Владиката Наум дека го мести

Заврши распитот на Владиката Петар во полицијата во Мелбурн, го обвинува Владиката Наум дека го мести

2.03K
8

Завршил распитот на митрополитот Петар во полициската станица во Мелбурн. Владиката тврди дека не бил приведен туку дека бил повикан на информативен разговор, кој според него траел околу 15 до 20 минути, по што бил пуштен.

Petar avstralija 2Според г. Петар, полицијата во Австралија се интересирала за случај од декември минатата година, но засега нема прецизни информации за кој случај станува збор. Митрополитот на МПЦ вели дека станува збор за наводно меѓусебно „клеветење на Игуменот Гаврил и Игуменот Никодим“, а Петар бил повикан да каже што знае за тоа.

Владиката Петар вели дека на полицијата и одговорил дека не е запознаен со случајот, бидејќи во тоа време не бил во Австралија.

Игуменот Никодим, Австралија
Игуменот Никодим, Австралија

Ме прашуваа за некои клеветења на Гаврил врз Никодим. Ме прашаа дали знам  нешто за тоа. Ниту сум бил тогаш во Австралија, ниту знам, ниту сакам да знам, што тие се клеветеле, вели Владиката Петар.

Сепак, тој смета дека во позадина на случајот стои Владиката Наум и игуменот Гаврил, заедно со една Македонка која живее во Мелбурн и која е вработена во тамошната полиција. Според него тие ја спакувале целата приказна.

-Тоа било лани,  но оваа приказна ја тераат владиката Наум и Игуменот Гаврил. Јас им пречам овде во Австралија. Знаете дека против Гаврил е покрената канонска постапка и сега оние тоа го прават, со една вработена во полицијата, која е духовно чедо на Игуменот Гаврил, вели г. Петар.

/РЕЛИГИЈА.МК

Коментар(8)

  1. I Adam taka vikase. ”Ne sum jas kriv Gospodi, Eva me zafrkna, vsustnost Ti si kriv Gospodi sto mi ja dade Eva.” Jas si sum zrtva na site vas.

  2. Што да речеш за човек кој 4те часа испрашување ги прави 20 минути, а приведувањето од местото на престојот изведено од полициски детективи го нарекува самопријавување, освен Господи помилуј.

  3. На владикава изгледа полициските коли му се такси, оти што барала полиција од дома да го зема ако сам се пријавил? А лајковите видовме колку точно беа за, а колку против него. Можете да лајкувате колку сакате, ама и сами многу добро знаете дека луѓето не се со вас.

  4. Сега очекуваме некој од вашата редакција да се извини на владиката за објавувањето на тенденциозните и непроверени информации.

    1. Господ нека му прости на дедо Петар, оти не знае што прави!

  5. na vladikata Petar tolku mnogu mu bilo ubavo so policijata 4-5 sati mu se prechinija 15-20min.. ? i duri smeshno e shto probuva da zamachkuva ochi deka dobrovolno e povikan. Neznam za drugi drzhavi, no znam deka vo Australia detektivi ne idaat da te zemat od doma bez nekoja kriminalna prichina. Tuku koga ke dojdat to ‘arrest you and accompany them to the police station’ pretezhno znachi deka aku ne odish so niv, so lisichki ke te odnesat..?

    smeshno bash kako vladikata Petar ja prenasochuva vinata na drugi’.. bash ‘hristijanski’ vladiko!

    ti prechi Otec Gavril shto gi soedinuva site lujge shto ti 20 godini gi delish!??

    (p.s. i vladikata Petar I kompanija nauchile da bidat ‘lajkachi’.. za 400-500 poseti si gi ripnaja lajkovite na 1000 ?) za mnogu godini vladiko spored vas fb beshe od satanata a sega duri ispechatuvash komentari i lajkovi ?

  6. Abe nekoi cudnni vladiki imame vo Makedonija, Eden vo makedonskite zatvori, drug pa duri v Avstralija stignal v policija i mozi ce go zatvorat i sudat .Ja s se si mislam deka na vladika mesto v zatvor ne mu e, tuku v crkva, ili manastir da se moli na Gospoda za sebe , a i za vernicite. Na mesto da odat po bozjio pat, tie po sprotivniot djavolskiot, Se prasuvam dali toa e posledica na toa sto nasata crkva nema blagodat na Sv Duh, pa nema koj vladikite da gi upatuva na prav pat. Za sto ce ni besedat po crkvite, dali za podviznickoto iskustvo ili pak za zatvorenickoto, odnosno iskustvooto od zatvorite i sudovite. Nekoe pravo mesijanso vreme doslo za nasite verskii duhovnici, prav poviznicki zivot, naizmenicno smenuvanje zatvor- sloboda, zatvor sloboda, progonstvo , zatvaranje, prosto macenicki svedocat za svoite verski podvizi, bas onaka kako ve vremeto na Hristoviot zivot na zemjata.

  7. Ushte so lagi? Sekogash nekoj drug e vinoven, a nikogash ti Vladiko!
    Duri svojot brat go obvinuvash, osuduvash,
    za zhal.
    Vistinata, Petar si beshe priveden od policijata i isprashuvan nekolku saati od detektivite za kriminalnite aktivnosti nashiot Petar si vershi vo Avstralija, a ne prikaznata shto Petar ni kazha. Epa ne mozhi tuka da imash imoti vo dve razlicni iminja!
    I drugo da se razberi policijata go sudi
    igumenot nikodim za kriminalni dela i nikoj drug!
    Dosta beshe so lagite!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *