Заупокоена литургија, парастос за упокоените и молитва за повредените во храмовите на МПЦ-ОА

Date:

Share post:

Во храмовите на Македонската православна црква – ОА утре и во петок по литургијата на претходно осветени дарови, ќе биде отслужен парастос за жртвите во трагедијата во Кочани, а потоа и молитва за исцеление на повредените.

– Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан повелува  утре, среда, 19.3.2025 и в петок, 21.3.2025 г. по Претходноосветената Литургија да се отслужи Парастос за невино настраданите во трагедијата во Кочани. Веднаш по Парастосот, пак, да се принесен Молитва за исцеление на повредените, се вели во известувањето до верниците.

Во сабота во 9.00 часот, во манастирот „Св. Јован Крстител“ во Капиштец, пак, со благослов на г.г. Стефан, ќе се служи Заупокоена литургија за покој на душите на сите настрадани во неодамнешната трагедија во Кочани, како и за прерано починатиот студент по теологија на Православниот богословски факултет Јане Глигороски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вселенскиот Патријарх: Незамисливо е православни епископи да се делат по нации

Обраќањето на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената седница на Светиот Синод на Православната Црква на Романија...

Благословени избори – клеропартизам

Од бакнување рака, преку барање благослови за успешен почеток, до палење свеќи за добро завршен крај. Средби, подароци,...

Првиот муслиман и најмлад градоначалник во историјата на Њујорк – Зохран Мамдани

Зохран Мамдани, кандидат на Демократската партија и член на движењето Демократски социјалисти на Америка, е избран за нов...

САД покажуваат интерес за Света Гора: Ригас во официјална посета на Атон

Американскиот заменик-државен секретар Мајкл Ригас ја оствари својата прва официјална посета на Света Гора – Атон, каде што...