Почетна Вести Христијанство Запуштена црквата на Самсоненко, никој не знае зошто прекина градбата, а местото наликува на депонија
Запуштена црквата на Самсоненко, никој не знае зошто прекина градбата, а местото наликува на депонија

Запуштена црквата на Самсоненко, никој не знае зошто прекина градбата, а местото наликува на депонија

375
0

Во скопската населба Аеродром , во близина на хотелот Русија, со месеци стои во место изградбата на руската црква, подарок од рускиот бизнисмен, Сергеј Самсоненко. Локалните жители велат дека повеќе од една година нема никакви активности, а околината полека почнува да наликува на депонија.

Црквата на рускиот бизнисмен, близок до претходната власт почна да се гради во 2014 година, кога беше ставен камен темелник, со најава дека таа ќе биде првата црква во руски стил изградена во Скопје, подарок на МПЦ-ОА.

Главните активности завршија до 2016 година, а потоа изградбата продолжи со намален интензитет.

Што всушност се случува со црквата Света Тријца, засега нема официјална информација. Според некои непотврдени извори, изградбата е стопирана поради грешки во градбата, а според други пак се чекале златните куполи, кои се карактеристика на црквите во руски стил.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *