Почетна Вести Ислам Запалена џамија во прилепско стара 350 години, ИВЗ се сомнева во подметнат пожар
Запалена џамија во прилепско стара 350 години, ИВЗ се сомнева во подметнат пожар

Запалена џамија во прилепско стара 350 години, ИВЗ се сомнева во подметнат пожар

517
0

Во селото Ерековци, општина Прилеп, вчера, 5. Октомври 2018 год. е запалена џамијата стара 350 години. Од Исламската Верска Заедница велат дека првите индикации кои што доаѓаат од жителите на селото, говорат за намерно подметнување на пожар. Случајот е пријавен во полиција.

Ријасетот на ИВЗ во РМ остро го осудува овој вандалски чин и бара од компетентните органи под итно да ги пронајдат и приведат сторителите на овој расистички чин

-Да се осуши еднаш за секогаш “црната рака“ што подметнува пожари во џамии. Исто така, од надлежните државни институции бараме да стори се и овој Божји Дом , оваа културна и духовна вредност да ја ревитализира, обезбедувајќи им на жителите муслимани во Ерековци повторно да ја имаат својата џамија во која што ќе продолжат да ги вршат верските обреди како што тоа го чинеле со векови, стои во реакцијата на Ријасетот на ИВЗ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *