Зајкова: ЛДП е доказ дека изборот не е само лево или десно – изборот е меѓу стари навики и нова одговорност

Date:

Share post:

Во пресрет на локалните избори, кога партиите ги прават последните подготовки пред изборниот ден, а кандидатите се растрчани на терен. Моника Зајковар претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП), во разговор за А1ОН, зборува за кампањата и за очекуваните резултати.

Локалните избори се на самиот праг, за нецели два дена граѓаните на Македонија ќе одлучуваат кој ќе им ги решава локалните проблеми во наредните 4 години. Што е она што го очекувате од изборите и каква е улогата на ЛДП во овој изборен циклус?

Оваа Коалиција во центарот е доказ дека изборот не е само на две опции. Не е само лево или десно. Очекувам овие избори да бидат јасен сигнал на зрелост за нашето општество. ЛДП влезе во кампањата со јасна визија: локална власт која ќе им служи на граѓаните, а не на партиите. Нашите кандидати се луѓе исто како нас, како Вас, кои живеат со проблеми секој ден, стекнале искуство и знаат кои се решенијата. Впрочем тоа го зборуваа и во своите јавни настапи.
Понудата на кандидатите на ЛДП е широка: транспарентност, зелени политики, поддршка на младите и дигитализација на општините со примена на вештачката интелигенција. Нашата замисла на почетокот на оваа кампања беше да понудиме современо управување на локално ниво. Судејќи по програмите и предлозите на нашите кандидати, сметам дека таа цел ја исполнивме. Сега останува граѓаните да го кажат своето во недела.

Лидерската позиција со себе носи привилегии, но и обврски како кон кандидатите, така и кон гласачите. Кои се Вашите главни пораки кои ги упатувате до јавноста за овие избори?

Нашата порака, мојата порака, е многу едноставна: време е за одговорна политика. Доволно време се изгуби овие години, а резултатите се во најмала рака дискутабилни. ЛДП верува во општини кои ќе бидат сервис на граѓаните, а не терен за партиски пресметки и лични интереси. За овие избори не успеавме, но нема да престанам да се борам следните локални избори да се гласа на отворени листи за човек, а не за партија. И да се донесе конечно нашиот предлог за отповикување на градоначалник – како моќна алатка ма граѓанинот да побара отчетност и одговорност.
Апелирам до сите оние кои веруваат дека локалната власт може да биде чесна, ефикасна и блиска до граѓаните – крајно време е да дадеме поддршка на луѓето што имаат визија, енергија и знаење како да ги решаваат насобраните проблеми на локално ниво. Не може повеќе да очекуваме дела проблемите ќе бидат решени од оние кои ги создаваа, таложеа и се богатеа на грбот на народот. Нашите кандидати се луѓе од заедницата каде што се кандидираат, препознатливи по својот стаж и искуство во локалната политика, луѓе подготвени со решенија наместо со изговори за тоа кој за што е надлежен. Затоа и сметам дека граѓаните треба да ги поддржат, за конечно да имаат вистинска шанса за решавање на своите проблеми.

Целото интервју на А1ОН

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img