Почетна Вера ЗАЕВ: Време е да се поклониме на нашите традиционални вредности
ЗАЕВ: Време е да се поклониме на нашите традиционални вредности

ЗАЕВ: Време е да се поклониме на нашите традиционални вредности

184
0

veligden jajca„Во миговите на искушенија, предизвици, премрежја и заедничко доживување на нашата „општествена голгота“, време е да им се поклониме на нашите традиционални духовни вредности, кои се највредното наследство добиено од нашите предци, пишува во честитката за Велигден, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

-Време е да ги разбудиме верата, надежта и љубовта и да ги отвориме портите на нашите срца и души за богољубие и човекољубие – напиша во честитка до православните христијани лидерот на опозицијата Зоран Заев. Велигден, тој празник над празниците, нека донесе во сите ваши домови и семејства здравје, среќа, радост, благосостојба и хармонија, и нека ни ја прочисти љубовта кон севишниот – стои во честитката на Заев.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *