Почетна Вера Еврејска заедница ЗАЕВ: Успеваме кога се разбираме и си подаваме рака
ЗАЕВ: Успеваме кога се разбираме и си подаваме рака

ЗАЕВ: Успеваме кога се разбираме и си подаваме рака

1
0

Претседателот на Владата Зоран Заев упати честитка до припадниците на еврејската заедница по повод празникот Јом Кипур.

Честитајќи го почетокот на чествувањето на празникот, премиерот Заев истакнува дека овој празник на простувањето во еврејската традиција покажува колку е важно меѓусебното почитување и разбирање и толеранцијата и поддршката.

– И ние сите во нашата заедничка Република Македонија, искусивме дека само преку подадена рака можеме да ги пречекориме препреките и да зачекориме напред во промените. Тоа не може да биде успех само на еден човек или на една заедница, тоа е нашиот заеднички успех во осознавањето дека само заедно можеме да обезбедиме спокој и благосостојба за нас и нашите семејства и просперитет за државата. Да продолжиме по тој пат, вели премиерот во честитката.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *