Почетна Вера ЗАЕВ: Славејќи го Рамазан, да придонесуваме за вистинските вредности
ЗАЕВ: Славејќи го Рамазан, да придонесуваме за вистинските вредности

ЗАЕВ: Славејќи го Рамазан, да придонесуваме за вистинските вредности

69
0

Zoran Zaev„Светиот месец Рамазан нека донесе семеен мир, хармонија и радост за дочекување на големиот празник Рамазан Бајрам. Славејќи го духовното и телесно прочистување, преку својата вера и посветеност, придонесувате за негување и поттикнување на вистинските човекови вредности, хуманст и меѓусебно почитување“, пишува Претседателот на СДСМ Зоран Заев во честитката упатена до поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул улема хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и до сите верници од исламската вероисповед по повод почетокот на Рамазанските пости.

-Овој свет месец Рамазан не потсетува на тие вредности, темелно важни за нашето општество. Простувањето, солидарноста, толеранцијата, несебичноста, дарежливоста и меѓусебното почитување се вредности за коишто сите треба да се залагаат и да ги негуваат. Само на тој начин, сите заедно, можеме да ја градиме иднината на Република Македонија, се наведува во честитката.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *