Почетна Вести Ислам ЗАЕВ: Поглавар е оној кој ќе го изберат верниците на ИВЗ
ЗАЕВ: Поглавар е оној кој ќе го изберат верниците на ИВЗ

ЗАЕВ: Поглавар е оној кој ќе го изберат верниците на ИВЗ

44
0

За нас, поглавар е оној што го утврдува уставот и законите на Исламската верска заедница, рече денеска премиерот Зоран Заев запрашан за проблемите во Исламската верска заедница. Тој појасни дека негова работа е да им служи на граѓаните, а реисот треба да им служи на граѓаните од ИВЗ. Заев вели дека ја прочитал судската пресуда за ИВЗ, но како што рече „ако коменирам, ќе значи политичко мешање“.

– Владата нема да се меша во верските заедници, па така е и во ИВЗ. Од министерот Спасовски знам дека беше побарана асистенција, имаше испратено три полицајци. За нас, поглавар е оној што го утврдува Уставот и законите на Исламската верска заедница. Владата нема да се меша, јасен е секуларниот карактер на државата. Вчера, МВР било повикано од двете страни, постапиле внимателно. Луѓето си ги кажаа аргументите – нагласи Заев и додаде дека не е повикан за да коментира кој е реис.

На прашањето кој ќе се сретне со папата како поглавар на ИВЗ, Заев рече дека за него е закон и Устав како ќе си изберат верниците на ИВЗ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *