Почетна Вера ЗАЕВ: Ова се вредностите што водат кон спокоен и среќен живот
ЗАЕВ: Ова се вредностите што водат кон спокоен и среќен живот

ЗАЕВ: Ова се вредностите што водат кон спокоен и среќен живот

313
0

Премиерот Зоран Заев, по повод празникот Рамазан Бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до граѓаните кои го чествуваат празникот.

– Го честитам големиот празник Рамазан Бајрам на Вас, на членовите на Исламската верска заедница и на ситеграѓани што го чествуваат празникот, во име на Владата на Република Македонија и во мое име. Светите празници, како што е Рамазан Бајрам носат голема духовната сила којашто ја зајакнува вербата на луѓето во доброто, вистината, правдата и поттикнува желба за меѓусебна почит, разбирање, солидарност. Ова се вредностите што водат кон спокоен и среќен живот. А човекот може да биде вистински спокоен и среќен, ако живее во општество на спокојни и среќни луѓе.

Затоа почитувани сограѓани, да продолжиме заедно по патот што го избравме, здружено и единствени. Почнавме даградиме едно заеднично општество за сите граѓани, со еднакви шанси за секој и знам дека заедно ќе успееме да обезбедиме квалитетен живот за сите нас. Бидете чесни и одговорни граѓани кон себе, кон своето семејство и кон државата. Нашата заедничка иднина е во економски напредна и просперитетна Македонија, во неа заедно вложуваме и заедно ќе успееме. Честит Рамазан Бајрам почитувани сограѓани!“, пишуваа премиерот Заев во честитката за празникот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *