Почетна Вести Христијанство ЗАЕВ: Ме радува одлуката на БПЦ
ЗАЕВ: Ме радува одлуката на БПЦ

ЗАЕВ: Ме радува одлуката на БПЦ

257
0

Премиерот Зоран Заев, ја поздрави одлуката на Бугарската патријаршија да го прифати барањето на Македонската православна црква – Охридска архиеписокопија, да и биде мајка –црква. Како што рече Заев, ова значи и признавање на автокефалноста на МПЦ, пример, рече, што се надева ќе го следат и другите православни цркви.

-Како православен верник сум радосен за оваа работа. Уште еднаш само ќе повторам дека Македонија е секуларна држава. Ние не сакаме да се мешаме во односи меѓу црквите, но оваа порака е исклучително позитивна, можам само да ја поздравам. Дефинитивно имаме напредок и во делот признавањето на нашата Македонска православна црква. Прифаќањето од бугарска страна да се биде мајка значи ќе го води целиот процес за помагање на признавањето на автокефалноста на нашата МПЦ. Се надевам сите други православни цркви ќе го следам примерот, затоа што да се биде мајка – црква завршува со признавање на МПЦ. Среќен сум што градиме пријателства дава резултати, ние сме мала земја само со пријатели ќе можеме да одиме напред, а со тоа и ќе можеме да отвораме нови преспективи – изјави Заев за време на самитот во Будимпешта.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *