Почетна Вести Ислам Заев: Македонија е едно семејство на сложни граѓани од различни вери
zaev if 4
zaev if
zaev if 1
zaev if 2
zaev if 3

Заев: Македонија е едно семејство на сложни граѓани од различни вери

158
0

Премиерот Зоран Заев вечерва организираше ифтарска вечера во честа на светиот месец Рамазан, за претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери и за пратениците, за членови на Владата и за советниците на премиерот и неговите надворешни соработници и за градоначалниците, припадниците на исламската вероисповед, како и за поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи.

Посакувајќи им добродојде на ифтарот, премиерот Заев, како што соопшти владината прес-служба, нагласил дека му е чест да ги пречека своите гости за време на празничните пости, кога семејствата се собираат, пријателите се дружат и се посветуваат на саморефлексија и размислување. Време кога се извршуваат молитвите за меѓусебно почитување, за залагање за правда, за напредок, толеранција и достоинство на сите луѓе.

– Постот е одрекување од земните и сетилните задоволства што го делат многу вери – вклучувајќи ја и мојата христијанска вера. Тоа време кога го јакнеме духот за да се доближиме до Бога и да се сообразиме со него. Овој духовен подвиг не упатува и на фактот дека промените што сакаме да ги направиме – мора да започнат во нашите сопствени срца и во нашите заедници. На тоа ги учиме децата. За време на овие денови посветени на јакнење на духот, се грижиме за болните и им подаваме рака на сите. Без разлика на нивната верска припадност, истакнал премиерот на ифтарската вечера.

Заев посочил дека подвигот за време на постот и наградата за посветеноста, го помагаат унапредувањето на нашите заеднички желби – да живееме во мир и спокојство и да ги отвориме срцата за радост во семејствата и да шириме добрини меѓу соседите и да ги јакнеме пријателствата.

– Со секој ифтар за време на Рамазанскиот пост да ја охрабруваме и негуваме нашата заедница, Република Македонија. Една држава, едно семејство на различни вери, кои меѓу себе живеат сложно и ја продолжуваат традицијата што како аманет ни ја оставија нашите татковци, нагласил премиерот Заев.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *