
Заев и Спасовски на средба кај Вартоломеј во Цариград
Премиерот Оливер Спасовски, во придружба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, денеска имале средба со Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј во седиштето Цариградската Патријаршија во Истанбул, објави владината прес служба.
-Средбата во седиштето на Цариградската Патријаршија се одржа во пријатна атмосфера и во срдечниот разговор беше изразена надеж дека и оваа година Патријархот Вартоломеј, во духот на толеранцијата и разбирањето, ќе продолжи да поттикнува дијалог за изнаоѓање решенија за сите прашања со кои се соочува православниот свет и верниците., стои во соопштението од Владата.
Средбата, е резултат на поканата што Вселенскиот Патријарх ја упатил до Зоран Заев додека беше премиер. Претседателот на Владата Оливер Спасовски, во срдечната атмосфера на средбата упати покана Патријархот Вартоломеј да ја посети нашата држава и да се сретне со верниот народ
Спасовски на поглаварот на Цариградската патријаршија му го честитатал празникот Христовото раѓање – Божик, со желби за здравје и сила, во мир и спокој да продолжи, како прв меѓу еднаквите во Православната црква, да ги обединува сите сестрински цркви.
Ова е втора средба на Спасовски во Вселенскиот патријарх, откако МПЦ-ОА испрати барање за признавање на нејзината автокефалност. Писмо за решавање на црковното прашање испрати пред две години и тогашниот Премиер, Зоран Заев.