Почетна Вести ЗАЕВ: Големите дела на браќата Кирил и Методиј не обврзуваат сите нас
ЗАЕВ: Големите дела на браќата Кирил и Методиј не обврзуваат сите нас

ЗАЕВ: Големите дела на браќата Кирил и Методиј не обврзуваат сите нас

54
0

Zoran Zaev„Сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј дадоа огромен цивилизациски придонес не само за македонскиот, туку и за сите словенски народи. Благодарни сме што го поставија темелот на писменоста, како наше основно културно и национално обележје“, пишува Зоран Заев, претседател на СДСМ во честитката испратена за 24 мај, денот на сесловенските просветители, „СВ. Кирил и Методиј“.

-Придобивките коишто ги жнееме денеска, почитувајќи го јазикот, писмото и културата, се огромен влог со којшто нè задолжија сите нас, се наведува во честитката.

Преку својата благородна и просветителска дејност на овие простори, како што истакнува Заев, браќата Кирил и Методиј ја направија Македонија лулка на словенската култура и писменост, испишувајќи со тоа светли страници од македонската културна самобитност.

– Одбележувајќи го денешниот ден се потсетуваме и на суштинското значење на почитувањето на универзалните, културни и човечки вредности кај луѓето. Големите дела на браќата Кирил и Методиј не обврзуваат сите нас, втемелените патеки на културно издигнување со меѓусебно разбирање и помагање да ги промовираме и заеднички да ги поттикнуваме како вредности на нашето општество, се вели во честитката на Заев.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *