Почетна Вера ИВЗ Заев: Денови во кои треба да се грижиме за вредностите кои не обединуваат
Заев: Денови во кои треба да се грижиме за вредностите кои не обединуваат
0

Заев: Денови во кои треба да се грижиме за вредностите кои не обединуваат

50
0

Започна месецот на рамазанските пости. Светите денови кога се култивира и усовршува духовниот раст и подвиг, како и дисциплината кон телесните и другите земни искушенија. Деновите на рамазански пости се потсетник дека милосрдието, почитта, солидарноста, добрината, љубовта и простувањето се вредности кои треба да ги почитуваме и кои не обединуваат како народи, објави денеска на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев.

Во времето на Ковид-19, посочува премиерот, ова се денови кога дополнително повеќе се грижиме за болните, за духовно обесхрабрените, за нашите сограѓани и за сите луѓе во неволја.

-Им подаваме рака на сите без разлика на нивната верска припадност. На сите наши сограѓани од исламската вероисповед нека им биде благословен светиот месец Рамазан, и нека ги придружува мирот и спокојството за време на светиот пост, напиша Заев.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *