Почетна Вести ЗАЕВ: Богатството на традициите ја прави Македонија посебна
ЗАЕВ: Богатството на традициите ја прави Македонија посебна

ЗАЕВ: Богатството на традициите ја прави Македонија посебна

149
0

Претседателот на СДСМ Зоран Заев им го честита денешниот празник Свети Сава на припадниците на српската заедница во Македонија и на сите граѓани кои го празнуваат.

zoran-zaev– Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое име упатувам најискрени честитки за денешниот голем празник Свети Сава на сите вас кои го чествувате и ви пожелувам добро здравје, спокоен и квалитетен живот, се вели во честитката на Заев.

Богатството на традициите и на различностите, нагласува тој, ја прави Македонија посебна држава којашто има со што да се гордее во светот, бидејќи во нашите граници е светот во мало.

– Ќе ги чуваме, негуваме и развиваме тие вредности во насока на создавање држава на еднакви, задоволни и среќни граѓани во Македонија. Нашите заеднички определби за меѓусебно почитување, поддршка, разбирање, во едно општество за сите граѓани на Македонија, дадоа резултат и ние сме веќе на патот на демократските промени што тоа ќе им го овозможат на сите граѓани на Република Македонија, истакнува Заев во честитката.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *