Почетна Вести Европа Задграничната Руска црква и Московската патријаршија повторно во конфликт
Задграничната Руска црква и Московската патријаршија повторно во конфликт

Задграничната Руска црква и Московската патријаршија повторно во конфликт

252
0

Берлинскиот и на цела Германија митрополит Марк, од Руската задгранична православна Црква која се обедини со Московската патријаршија им забранил на светштениците од својата епархија да служат со претставниците на новоформираната Западноевропска архиепископија на РПЦ-МП со седиште во Париз.

Сличен ваков потег повлече и митрополитот на Западноевропската епархија на РПЦЏ-МП, Иринеј во септември.

Во 2007 година Руската задгранична црква се припои кон Московската патријаршија по речиси 100 години раскол, но ја запази својата до одреден степен самостојност и структура. Поглаварот Марк призна дека со оваа одлука за враќање кон Москва, црквата загуби многу луѓе кои не сакаа присоединување со Московската патријаршија.

Во 2019 година во Западан Европс се појаву уште една црковна структура со руски предзнак, Заладноевропска Архиепископија на РПЦ-МП со центар во Париз. Официјалната титула на поглаварот е Архиепископ на православните руски цркви во Западна Европа, митрополит Јован.

Таа се појави откако Вселенската патријаршија во 2018 година одлучи да го распушти својот руски егзархат за Западна Европа и парохиите да ги препушти на локалните грчки митрополии. Тоа доведе до распад на структурата, која главно беше во Франција. Дел од парохиите на чело со Митрополитот Јован одлучија да се потчинат на Московската Патријаршија и да создадат своја руска административна цркован структура во Западна Европа.

Но сега се појавува проблем во самата руска црква.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *