Почетна Анализа Забрана за шамија во американскиот конгрес?
Забрана за шамија во американскиот конгрес?

Забрана за шамија во американскиот конгрес?

113
0

Илхан Омар е прва покриена муслиманка која доби место во Конгресот во САД.

Илхан Омар зрачи на многу фотографии. Отворена, пријателска насмевка на млада жена, која како дете бегалец е дојдена во САД. Родена е во Сомалија. 36-годишната Омар е една од првите две муслиманки во американскиот Конгрес.

„Ние не само што им велиме добредојде на бегалците, туку ги праќаме и во Вашингтон“, нагласува Омар.

Така, вели таа, функционираат нештата во сојузната држава Минесота. Пратеничката на демократите радо го истакнува широкото противење на политиката на Трамп во својата изборна единица: 78,2 проценти гласаа „за”.

„Пред вас стојам како избрана пратеничка во Конгресот. Со моето име се поврзани многу премиерни настани.”

Прво дете бегалец во Конгресот, прва црна жена која ја претставува Минесота во Вашингтон и прва жена која е покриена, некогаш со сива, некогаш со сина, некогаш со црна, некогаш со шарена шамија во Конгресот. Тоа што е покриена уште повеќе ги дразни нејзините критичари, па така на нејзиниот Инстаграм профил корисник коментирал дека сака да го спроведе„Шакира-законот“, а Омар возвраќа дека веројатно мислел на (притоа веројатно се мисли на шеријатскиот закон и во одговорот постира извадок од видео спот на пејачката Шакира со рефренот „You know, hips don’t lie”.

Конзервативниот свештеник Е.В.Џексон во своето радио шоу имаше долго обраќање полно со говор на омраза против шамијата на Омар.

„Конгресот ќе изгледа како Исламска република. Сериозни ли сте?”

И на тоа Омар постира одговор на Твитер – дека Конгресот сега ќе изгледа како што изгледаат САД и дека човекот мора со тоа да се помири.

Илхан Омар уште на почетокот на својот мандат ќе му даде белег на работењето на Конгресот, бидејќи демократите сакаат да променат закон од 1837 година со кој се забранува носењето шамија. Во иднина, според нацртот на демократите, на жените треба да им се дозволи да одат покриени од верски или здравствени причини, или ако им паѓа косата. Илхан Омар ја поздравува иницијативата. Таа вели дека американскиот устав ѝ го дава правото да оди покриена како знак за нејзината верска припадност и најавува дека тоа нема да биде единствена забрана која сака да ја укине.

Многу луѓе во САД се радуваат поради тоа што имаат муслиманка во Конгресот, вели Башар Мохамед од истражувачкиот институт Пју: „Разноликоста на муслиманите сега е претставена во Конгресот.”

Вториот муслиман во Преставничкиот дом, Рашида Тлаиб, не носи никаква шамија. Илхан Омар, најмладата црна политичарка која е цврсто вкоренета во својот роден град Минеаполис, објаснува што ѝ значи влезот во Конгресот:

„Се надевам дека ќе донесам посебна перспектива во борбата за животот на бегалците. Знам на што се надеваат кога ќе дојдат во земјава.”

Илхан Омар е олицетворение на сѐ она што е контратежа на политиката на Доналд Трамп во однос на доселувањето. Не без причина оваа млада муслиманка во вестите на „Дејли шоу” вака го објасни својот избор:

„Јас сум надежта на Америка и кошмарот на Трамп.“

Со својот хиџаб таа паѓа в очи меѓу 435 пратеници во Претставничкиот дом. Илхан Омар е дел од новите и различни лица на Демократската партија. Таа го промени Конгресот веќе самиот влез во него.

/D.W

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *