Почетна Политичка теологија За Вас Вашата вера, за нас нашата вера
За Вас Вашата вера, за нас нашата вера

За Вас Вашата вера, за нас нашата вера

256
0

„Религија.мк“ во неколку продолженија ја објавува, анализата на тетовскиот Муфтија, доц. Д-р, Ќани Несими, која се однесува на „Културата на религиозната толеранција(тахаллум) на Османлиската Империја. Текстот претставува аналитички осврт за поимот „толеранција“ во Исламот, одност на исламот кон другите конфесии, улогата на Османлиската империја и исламот на Балканот и низа прашања кои се поврзани на ова тема.

Преземајќи одговорност за градот Медина, Мухамед а.с. го изразил суштинскиот принцип на традиционалниот Ислам, дека судирите меѓу луѓето треба да се решаваат со мирољубиви средства.

Семоќниот Бог или Алах, во секој миг на животот, ги вика луѓето да преговараат за решавање на своите разлики. Но, за жал, во некои средини го извадиле овој поим од Исламот, исто така како што го имаат тргнато и самиот Мухамед од верата.

Но продолжува да важи принципот, дека исламскиот град е установен на заемна обврска, компромис и посредување. Исто така, е од неопходно значење да се има предвид дека, муслиманите тврдат дека договорот што Мухамед а.с. го направил со оснивањето на градот Медина бил првиот напишан устав. Западњаците денеска на Ислам гледат една вера која суштински е непријателски према модерноста, но традиционалниот Ислам е религија на компромисот, која е темелот на модерното општесвто.

За да ја разбираме исламската верска толеранција, во основа гледано, како прво базирано и стандартизирано, треба да се вратиме на главните исламски традиционални аргументи, каде се како верскиот, политичкиот и друштвениот живот на еден муслиман и во општо во однос на граѓанското право на сите лица без разлика на која вера или нација му припаѓат.

Како прв исламски традиционален аргумент неопходно е да се наведе Куранот, кој според исламската вера е последен сакрален и метафизичен збор објавен на пророкот Мухамед од страна на возвишениот Аллах.

На второто место од хиерархијата на исламските традиционални аргументи е Суннетот на пејгамберот Мухамед, кој ги подразбира зборовите, делата и согласноста на пејгамберот со делата извршени од луѓето околу него.

И како трет аргумент се мислењата, фетвите, делата на другите луѓе (ижма-концензус и кијас-аналогија), било тие да живееле за време или после смртта на пророкот.

Универзалниот и темелниот принцип на Куранот во врска со третирањето на другиот, односно на односите на еден муслиман према другиот го представува фактот, дека “во верата нема присилување” или “за вас ваша вера, а за нас наша вера”.

За општиот и универзалниот став на Исламот према другите верски заедници или култури, односно према меѓуверските односи на етичкиот план може да се подразбира од долунавадените курански аргументи: „Господарот ваш најдобар го знае она што е во душите ваши: ако бидете доброчинители…, та, Он, кон оние кои се кајат, навистина, е Простувач!

И дај му го на ближиниот правото негово, и на сиромашниот, и на патникот и не троши безмерно!” (Куран, Ел-Исра, 25-26).

Еден друг витален момент што ја изразува универзалноста на исламскиот став према меѓуконфесионалните релации претставува плурализмот, што го понуди исламското друштво и интегристичкиот идеализам во едно единствено друштво каде сите верски заедници, односно сите верници ќе можат да живеат според сопствените верувања.

Значи, исламското јавно право не опишува исламската држава каква е тоа, но како истата треба да биде.

Во врска со третирењето на другиот во склопот на исламкаста толерантна култура, со посебен вредност е спомнувањето на писмото на исламскиот пророк испратен до Света Катарина:

На христијаните, во исток и запад, во близината на исламската граница и во далечност, на познати и на непознати, на сите им се дава гаранција. Додека еден монах или анахорет се сретне во брда или во равина, во пештера или во населено место, во црква или во некој друг храм, тораш ние сме со него, и оние се под нашата заштита. Јас, сигурно ќе ги бранам со мојот живот, со моите Kenan Nesimi Muftija Tetovo malaпомагачи или со мојата војска, ќе ги бранам нив, нивното богатство и нивните места за молитва, за тоа што се тие државјани на мојата држава и како такви ја заслужуваат мојата заштита. Никој нема право да им ги скрати можноста за шетање било каде да е, расипувајќи или нанесување штета на храмовите, како и присвојување било што џод неговите куќи за корист на муслиманот..“

доц. д-р. Ќани Несими, Тетовски Муфтија (ИВЗ)

(ПРОДОЛЖУВА)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *