Почетна Вести Христијанство За СПЦ Македонците биле неиспилени Северномакедонци, а Македонија измислена државичка
За СПЦ Македонците биле неиспилени Северномакедонци, а Македонија измислена државичка

За СПЦ Македонците биле неиспилени Северномакедонци, а Македонија измислена државичка

2.55K
6

Веќе нема никакви дилеми што е главната причина за отпорот на СПЦ за признавање на автокефална црква во Македонија. Грчкиот интернет портал „Ромфеа“ го објави во целост писмото што српскиот патријарх Иринеј му го испратил на Вселенскиот патријарх Вартоломеј, во кое му ги објаснува причините зошто не треба да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА.

Во тоа писмо полно со навреди и говор на омраза, Иринеј пишува дека Македонија, Македонците и македонскиот јазик и Македонската Православна Црва се измислена категорија на Комунистичка Југославија и на Тито, исто како што се измислени и Црногорците  и Бошњаците.

-Комунистичка Југославија беше организирана според советскиот образ и пример: државата се претвори во федерација, се подели на „републики“, во 1974 година беше преобразена во конфедерација, односно се подели на обединети држави, а во 1991 година се распадна, однадвор и одвнатре, на „независни“ држави и државички. Паралелно беа објавени новосоздадени народности („Црногорци“, „Македонци“ односно неиспилени „Северномакедонци“, „Муслимани“ преименувани во „Бошњаци“…) и новоизмислени јазици („црногорски“, „македонски“, „босански“). Процесот на понатамошно произведување на „народи“ и „јазици“ беше прекинато од смртта на државата што настапи во меѓувреме. Како некогаш во Советскиот сојуз, оваа стварност беше придружена и од создавањето на нови Цркви, поточно кажано расколи, кои одеа во прилог на комунистичката партија и нејзината идеологија, пишува во писмото Српскиот патријарх Иринеј.

Писмото е напишано на старогрчки јазик, што според добро упатени извори на „РЕЛИГИЈА,МК“, тој јазик не го зборува Српскиот патријарх, но одличен негов познавач е Бачкиот епископ Иринеј Буловиќ, што пак укажува на тоа дека најверојатно и тој е авторот на писмото.

-Режимот на Тито на овој начин ги објави, помеѓу другото, за „Македонската Православна Црква“ јужните црковни епархии кои од Цариградската Патријаршија беа отстапени на Српската Патријаршија преку Патријаршиски Томос од 1922 година. Се работи за единствената Црква во историјата, чиј создател е и официјално комунистичка партија, за што постои и соодветен указ, објавен помеѓу другото, пишува во продолжение во писмото.

Од текстот на писмото лесно се чита дека СПЦ е свесна за намерата на Вселенскиот Патријарх да ја признае независноста на МПЦ, но и тоа поради кои причини тоа би го направил Вартоломеј, за што СПЦ бара од него три пати да измери пред да пресече.

-Наводно се планира да се примени истиот аргумент [на поранешно црковно мајчинство, новојавен канонски параметар, како што се планира за Украина] и за расколничката „Македонска Православна Црква“, која неканонски и незаконски ги узурпира епархиите на древната Охридска Архиепископија, кои по нејзиното укинување беа вклучени во телото на [Константинополската] Света Црква, а доделени на [Српската] Црква преку Томосот од 1922 година. Ако, не дај Боже, стане вакво нешто, тоа ќе биде обистинување на мудрата грчка изрека, според која „после едно допуштено зло, илјадници зла следуваат“, како и потврдување на секогаш актуелната поука на нашиот Спасител, дека кога изгонетиот нечист дух „зема со себе седум други духови, полукави од него“, заедно со нив влегува повторно во човекот и „живее таму“, ако својот претходен „дом“ го пронајде „празен, исчистен и уреден“ (Мт. 12, 43-45, в. Лк. 11, 24-26). Никој од нас не посакува да дојде до резултатот дека „последната состојба на оној човек станува полоша од првата“ (Мт. 12, 45; в. Лк. 11, 26). Значи, не би сакале да дојде до таков жален резултат, едно зло, или подобро кажано еден нечист дух – каде што зло и дух се веќе постоечките расколи – да бидат последувани од други зла и други лукави демони, односно некој нов раскол, подлабок и уште понеизлечив, или повеќе расколи. Затоа пак и пак Ве молиме и просиме пред Вашата Светост и љубов: пред еднаш да пресечете, трипати измерете!, пишува во писмото потпишано од Српскиот Патријарх Иринеј, испратено до Вселенскиот Патријатх Вартоломеј.

Коментар(6)

  1. Ако Излезат Српаската и Руската Црква од Православието,верувајте во Црквата нема да има никаков проблем.сите ќе жувеат молитвено единство во мир!,само овие две цркви крекаат за некаква надмена наклонетост кон овие најмали,недозреани,непостоеечки реални држави!

  2. Значи, српскиот патријарх или некои од неговите епископи се обидуваат да го навредат Вселенскиот Патријарх и одличните умови меѓу пак неговите Епископи дека не се историски потковани, дека не знаат ништо за македонската историја, за вековното (не?)постоење на македонскиот народ итн. Сѐ подлабоко да се глиби, очигледно мото на СПЦ во овие работи

  3. Македонија секогас страдала, страда и ќе страда од Македонци.
    Бачкиот епископ Иринеј Буловиќ, кој најверојатно е авторот на писмото на човекотмразецот, од Бога ѓаволот Иринеј, всусност е Иринеј Буловиќ (Буловски) од село Горна Белица Струшко и кои има доста роднини во Струга. Тој е Македонец, живее како голем Србин, а ге умри како Грк.
    Трагедија од Шекспир.

  4. Жално!
    Ние што сме во Црквата, знаеме дека ѓаволот удира по пастирите за да се распрснат овците? Ама дали е во ред да се допушти да се случуваат вакви соблазни, без да постои борба во искушенијата? Дали е во ред да се постапува вака – без братска љубов и сострадание? Тешко на оние што се надвор од Црквата и го гледаат ова, гледаат како православните со страшни и ужасни механизми се борат против своите браќа по вера. Зар Христос не дојде за да ги соедини сите во едното и единственото Свое тело? Каква е оваа лудост? Српската Црква се’ повеќе и повеќе наликува на шовинистичка и национална институција. Никако не наликува на онаа Црква за која Христос го даде животот, безусловно и лудо љубејќи ги сите, подеднакво.
    И уште нешто, уште едно прашање кое постојано ми се врти во главава? Каде ли отидоа, на каква ужасна структура и’ служат нашите браќа од ПОА? Зар не можеа да препознаат што всушност таму се случува?!
    Ах, жално, жално, жално!
    Ама што друго можеш да очекуваш од оние кои ниту влегуваат во Царството Божјо, ни на другите им дозволуваат да влезат во него?!

  5. Проблемот не е толку во Србиве колку што е во самите Македонци кои како народ денес се незамисливо толку прости и некадарни да се бранат од лажните “истории“ на комшиите. Ова особено важи за “академците“ по историја, кои што ги стекнале своите дипломи под контрола на Белград и денес се целосно неспособни да ја бранат и шират македонската историја.

    За пример зошто никој од “академијата“ нема изустено, ни напишано ни збор дека се’ до почетните децении од 19-от век скоро цел православен “Балкан“, вклучително и областите на денешна Србија бил именуван Македонија, а жителите Македонци, затоа што сите православни цркви биле под МАКЕДОНСКАТА црква со седиште во Охрид (Охридска Архиепископија)? Тоа го има во бројни извори (документи) кои денес ги има во разни книги во Белград, Загреб и други научни востанови на поранешната Југославија.

    Еве неколку примери:

    Kako su Crnogorci počeli da se zovu Makedoncima (pod uticajem Ohridske arhiepiskopije), a zatim Srbima (zbog pripadnosti srpskoj Pećkoj patrijaršiji)
    (Izvod iz rada Sretena Zekovića „O istorijskoj utemeljenosti crnogorske narodnosti odnosno nacionalnosti“)
    Ime Makedonija susrijeće se u širokom značenju na cijelom Balkanu..(dr Dragutin Anastasijević u Stojanovićevoj Narodnoj enciklopediji srpsko-hrvatsko-slovenačkoj, II knj.,

    Štampar Božidar Vuković, Podgoričanin na svojijem knjigama piše 1520. i 1537:
    “Ot otačastva moega ot zemlje Dioklitiskije, eže jest v predjeleh makedonskih ot grada naricajemago Podgorica“ (Lj. Stanojević, Stari srpski zapisi i natpisi, br. 494, 161).

    I u trećoj svojoj knjizi 1538. Božidar Vuković ponavlja istu sintagmu. Vuk St. Karadžić je ovu formulaciju Božidara Vukovića objasnio tako što “su se Maćedonija srpski zvale sve zemlje našega naroda, kao što se i u narodnoj pjesmi… Đurađ Smederevac zove kralj od Maćedonije.“ (Владимир Ћоровић: Историја српског народа, наслов „Обнова пећке патријаршије“, Прва књига, Издавачи “Глас српски”, Бања Лука и “Ars Libri”, Београд, 1997 г.).

    Овие примери се само капка во морето. Вакви слични ги има во бројни други книги во библиотеките и музеите на поранешна Југославија и во странски книги, но колку од македонските “академци“ ги проучиле и објавиле за нив?

Напиши одговор на Ангелина Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *