Почетна Вести Христијанство За СПЦ единствено решение за МПЦ е Нишкиот договор
За СПЦ единствено решение за МПЦ е Нишкиот договор

За СПЦ единствено решение за МПЦ е Нишкиот договор

345
1

Српскиот патријарх Иринеј смета дека Бугарската Православна Црква не може да и помогне на МПЦ, туку МПЦ е таа која сама може да си помогне ако го прифати и се врати на Нишкиот договор од 2002 година.

Иринеј, во интервју за Политика, воопшто не го користи ниту терминот МПЦ, туку црквата во Македонија ја дефинира како расколничка ерархија во Скопје. Српскиот Патријарх, кога ја опишува Македонија користи терминологија “подрачје како што гледаме се уште нема ниту признато име.

Еве што српскиот патријарх Иринеј, одговорил на прашањето на Политика, дали бил изненаден од одлуката на БПЦ да ги застапува интересите на МПЦ.

-Околностите се такви што денеска многу малку човек нешто може да го изненади. Искрено, не гледам никаква можност БПЦ да може на кој било начин да и помогне на расколничката ерархија во Скопје. Тие, евентуално, евентуално можат сами на себе да си помогнат, доколку се вратат на Нишкиот договор од 2002 година. Но, треба да се има предвид дека ситуацијата од 2002 до денеска е итно променета. На тоа подрачје, кое како што гледаме се уште нема ниту признато име, постои канонска Православна Црква, преку Српската Црква во единство со вселенското православие. Тоа е автономната Охридска Архиепископија, со поглавар, свештенство, верен народ, изјавил Иринеј за Политика.

Коментар(1)

  1. Да је прихваћен Нишки договор 2002 . већ одавно би Црква у Македонији била аутокефална . Некоме је у интересу да раскол потраје , а тај неко су сви непријатељи Православља . Надајмо се да ће ово бити решено убрзо .

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *