Почетна Верски буквар За сите кои имаат дилема дали на Водици-петок се пости!
За сите кои имаат дилема дали на Водици-петок се пости!

За сите кои имаат дилема дали на Водици-петок се пости!

2.07K
0

Богојавление или меѓу народот попознат како празникот Водици, годинава се паѓа в петок. Голем број граѓани деновиве имаа дилема дали тоа што празникот е во петок значи дека треба да се пости.

Одговор на ова прашање дава отец Бобан Митевски.

-Бидејќи се добива впечаток од разните реакции и дискусии дека има дилеми, па дури и погрешно информирање, околу тоа дали годинава на празникот Богојавление – Водици (19.1) трпезата треба да биде посна или мрсна (паѓа во петок) – треба да се знае дека овој празник,без разлика во кој ден ќе падне,секогаш е мрсно. Утрешниот ден, пак, Собор на свети Јован (20.1), ако падне во среда или петок – е посно, напиша презвитер Бобан Митевски на својот Фејсбук профил.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *