Почетна Вести Европа За Руската црква, Вселенската патријаршија е таа која влегла во раскол
За Руската црква, Вселенската патријаршија е таа која влегла во раскол

За Руската црква, Вселенската патријаршија е таа која влегла во раскол

404
0

Руската православна црква смета дека Вселенската патријаршија е таа која влегла во раскол и токму затоа руските православни верници во Турција треба да прекинат да одат на литургии и причест во храмовите на Вселенската Патријаршија. За да се надмине овој проблем, Руската црква ќе бара начини како да им овозможи на своите верници да го практикувата црковниот живот.

-Де факто Константинополската Патријаршија влезе во раскол, прифаќајќи ги расколниците да комуницираат. Излегува дека нашите сонародници во Турција остануваат без пастирска грижа. Истото важи и за имигрантите од нашата Татковина кои живеат на Додеканез, Родос, Крит и, се разбира, ќе размислиме како да се обезбеди пастирска грижа за нив. Многу малку време поминало, но во секој случај, оваа задача вреди, ние го правиме тоа “, изјавил Игор Јакимчук, од одделот за надворешни работи на РПЦ.

Тој истакна дека парохиите на Константинополската Патријаршија се насекаде низ светот, освен Африка и Антарктикот, но таму, рече тој, постои алтернатива за верниците – постојат храмови и други локални цркви.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *