Почетна Вести За првпат во историјата, моштите на Св. Николај ќе го напуштат градот Бари
За првпат во историјата, моштите на Св. Николај ќе го напуштат градот Бари

За првпат во историјата, моштите на Св. Николај ќе го напуштат градот Бари

386
0

Денеска на 21 мај во Москва ќе пристигнат мошти на Св. Николај Чудотворец за поклонение на верните.

Моштите ќе бидат донесени од страна на претставници на Римокатоличката црква. Овие мошти, кои за првпат во историјата ќе го напуштат градот Бари, ќе бидат доставени во Русија со специјален авион. Моштите ќе бидат сместени во храмот на Христос Спасителот. Организиран е специјален пречек од страна на Патријархот и духовенството на Престолнината, со заедничко биење на црковните камбани во сите московски храмови. Во организацијата се вклучени повеќе од 10 илјади доброволци.

Во своето обраќање во врска со ова претстојно торжество, Патријархот Московски и на цела Русија Кирил, изјави дека споменот за добрите дела на Св. Николај, поттикнува илјадници луѓе на поклонички патувања до неговите свети мошти, за да оддадат почит на неговиот лик и да вознесат топли и усрдни молитви кон оној кого Православната Црква го нарекува ’Правило на верата и образ на кротоста‘.

-Сепак, не секој од нашите верници имаат можност да појдат на такво патување, токму затоа во Русија ни пристигнува за поклонение значителен дел од овие мироточиви мошти на Светиот… Поклонувајќи се на чудотворните и многуцелебни мошти на Светиот и велик Божји угодник Николај, треба да си спомнеме дека и самите треба да бидеме подражатели на добродетелноста на Мирликискиот Светија. И помошта што ни се испраќа по неговото застапништво, ќе биде дотолку поочигледна и пообилна, доколку што повеќе се трудиме да му се уподобиме во љубовта кон Христа и кон сите луѓе, изјавил Патријархот Кирил

/БИГОРСКИ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *