Почетна Верски буквар За постот и бремените жени
За постот и бремените жени

За постот и бремените жени

534
0

Интернет порталот „Покајание“ практикува на прашања на верниците, одговори во форма на верки поуки да даваат свештеници. Конкретно, отец Горан Стојчевски од соборниот храм.

Еве еден одговор за едно прашање за кое многумина бараат одговор.

ПРАШАЊЕ:

Доколку жената што почнала да пости, во текот на почетокот на постите разбере дека е бремена, дали треба да продолжи да пости или смее да ги прекине постите?

ОДГОВОР НА ОТЕЦ ГОРАН:

Доколку жената која забременила има желба и сака и понатаму да пости, може да продолжи да пости се` додека се чувствува здраво. Доколку лекарите не воочиле некој посериозен физички проблем, постот си е благословен, нема да се одрази на нејзиното здравје и здравјето на детето, оти постот не трае девет месеци. Но, сепак таа ќе треба да си одлучи со претходен благослов на нејзиниот духовен отец и препораката на докторите.

/pokajanie.mk

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *