За пописните прашања и резултатските грешки

Date:

Share post:

Најголем проблем за еден испит не се погрешните одговори на студентите, туку – погрешните прашања на професорите. Истото важи и кога се изведува – попис.

Што е спорното? Ако меѓу опциите се набројани сите присутни христијански вероисповеди (православни, католици, протестанти, адвентисти, баптисти, евангелисти, евангелисти-методисти, реформисти, јеховини сведоци и евангелско-протестантски христијанин), тогаш погреншно е да стои општото име „христијанин“ како опција. Во ваков случај се мешаат вероисповеданијата и религиите. Тоа предизвикува забуна – затоа што луѓе мислат дека треба да се наведе општата религиска припадност, а не конкретното вероисповедание. Освен тоа, опцијата „христијанин“ воопшто не соодветствува на списокот на регистрирани верски заедници – бидејќи не постои верска заедница или религиозна група регистрирана под такво име.

Како би можело правилно да се формулира прашањето? Има три опции:

  1. Припадност кон религија (христијанство, ислам, јудаизам, хиндуизам, будизам итн.), без опција за вероисповед. Ваквата опција е формално правилна, но не дава комплетна статистичка информација;
  2. Припадност кон вероисповед (православно христијанство, сунитски ислам, хасидски јудаизам, харе-кришна итн.);
  3. Припадност кон регистрирана верска заедница или религиозна група (како што стојат во регистарот на КОВЗРГ).

Го имам предвид можниот приговор дека има луѓе што се сметаат дека се христијани, но не се чувствуваат како припадници на конкретна вероисповед. Некој ќе рече дека точката „христијани“ се однесува на нив и дека не е погрешно. Напротив, погрешно е, и тоа по две основи. Прво, чисто логички, не може општ назив да служи како определба на некоја посебна карактеристика. Неприпадноста кон вероисповед е посебна карактеристика и не може да се изрази преку општото име. Второ, неприпадноста кон вероисповед како конкретна определба треба се дефинира јасно и недвосмислено со формулација од типот „неконфесионален христијанин“, или описно како „христијанин кој не се идентификува со некоја вероисповед“.

Со овој пропуст се јавува статистичка грешка од 242 579 граѓани односно неверојатни 13,4% од вкупниот број попишани граѓани или приближно 22% од вкупниот број попишани припадници на христијанската религија. Грешка од ваков размер не може да се оправда по ниту една основа.

/Фејсбук статус на Отец Милан Ѓорѓевиќ – професор на Богословскиот факултет

2 COMMENTS

  1. Џабе професоре … испитот помина … немаме институции и немаме луѓе во институциите … неписмен народ, силна држава … говореше еден мој поранешен професор … ама тој професор беше ученик на Блаже Конески, Васиљ Иљоски, Круме Кепески и др. … немаме водач и ништо не разбираме …

  2. По свадба, тапани.
    А, бе, да се чудиш на глупостите.
    Кутренца, маченца, заспани убавици. Дремловци. Млакост, слабост, литост, млитост. Нема жар, нема оган. Изгубеност. А, титула, чиниш големиот, чиниш зборот алтан. А тоа тенеќе. Звечка, наместо да ѕвони. Продавачи на ветер и магла.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img