Почетна Вера МПЦ-ОА За Источен петок Балаклија нема да има манастирски слави
За Источен петок Балаклија нема да има манастирски слави

За Источен петок Балаклија нема да има манастирски слави

196
0

Во пресрет на утрешниот празник Источен Петок Балаклија оваа година вековната традиција на велешани секој прв четврток наспрема петок после Велигден  да отидат пеш и  да запалат свеќа за здравје  во манасторот „Св. Димитрија“  на излезот од Велес  беше  прекината,со одлуката на  Општинскиот кризен штаб  донесени претпладне, а спроведена од полицијата попладнево во 12,30 часот, која постави полициски  пункт во месноста Долни Дуќани на излезот од Велес и ги враќаше сите граѓани, а кои  што се беа упатиле кон манастирот.

Вечерва првпат во празната манастирска црква свештениците од Епархијата Повардарска без присуство на православните верници од градот ја  отслужија  свечена вечерна богослужба.

Општинскиот штаб како што информира на денешната прес конференција Аце Коцевски  ја донел ваквата одлука поради состојбата со коронавирусот и опасноста од  можноста за паѓање парчиња од карпи во месноста Цуцка која веќе втор месец се санира, а се поправа и овој дел на патот и се уште се изведуваат градежните работи, а сообраќајот е запрен на излезот од Велес кон Градско.

Градоначалникот Аце Коцевски на денешниот прес ги повика граѓаните поради опасноста да не падне некое парче од карпите Цуцка  да се годинава  да воздржат од посетата на манастирот „Св. Димитрија“.

Од службата за информирањен на Епархијата Повардарска за МИА информираат дека утрово до 12,30 часот во манастирот Св. Димитрија по традиција имало посетеност од граѓаните на Велес, а кои примерно и совесно согласно препораките на Владата се движеле во кругот на манастирот и во црквата,  без групирања и на меѓусебно растојание, палеле свеќи без задржување и се враќале назад.

Оттаму реагираат дека  по издадената наредба од Општинскиот Кризен штаб во 12,30 полиција била поставена во месноста Долни Дуќани на излезот од Велес, а  која ги враќала граѓаните назад.

-Требаше навреме да не известат барем ден – два претходно да преземеме соодветни мерки.

Вака и ние и православните верници бевме доцна известени, а голем број верници денеска незнаејќи за ваквата одлука  веќе тргнале, па  беа враќани на пола пат кон манасторот, реагираат од службата за информирање на Епархијата Повардарска.

Инаку, празникот продолжува да се прославува и утре во 8 часот кога ќе биде одржана света архиерејска литургија. Оваа традиција за празникот Источен Петок Балаклија во манастирот „Св Димитрија“ на два километри од Велес  е повеќевековна Манастирот кој е стар повеќе десетина векови и бил затрупан со доаѓањето на Турција, а  по пет века бил откопан од земјата со поддршка на видните велешани во 30-тите години на 19 век, а откако претходно на сон му се јавил на воденичарот Петре Здравев.

Отогаш велешани без прекин секоја година по традиција  на  првиот четврток и петок по Велигден  масовно и пеш го посетуваат манастирот „Св. Димитрија“  и  со палење свеќи за здравје, а  манастирската слава ја чествуваат како своја градска слава и традиција.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *