Почетна Вести Регион За Франциск Светите Кирил и Методиј се Византијци по култура
За Франциск Светите Кирил и Методиј се Византијци по култура

За Франциск Светите Кирил и Методиј се Византијци по култура

154
1

Поглаварот на Католичката црква, Папата Франциск има особена почит кон Светите Кирил и Методиј и нејзе јасно ја демонстрирал при посетата во Бугарија и средбите со црковните власти во Софија.

Франциск зборувајќи за Светите Кирил и Методиј, ги нарекол „Византијци по култура“, кои ги евангелизирале словените.

-Кирил и Методиј, Византијци по култура, беа доволно посветени да ја преведат Библијата на јазик прифатлив за словенските народи, со што божјиот збор можеше да се пренесе преку народниот збор. Нивното дело до денешен ден останува модел за евангелизација и предизвик за пренесување на Евангелието на следните генерации. Светите Кирил и Методиј имаат големо значење за европското општетство, бидејќи на своевиден начин тие се промотори на обединета Европа и на мирот меѓу сите европски жители, поставувајќи основа на новата уметност на заедничко живеење преку почитување на разликите, изјавил Франциск во Софија, потенцирајќи дека автентичните религиозни учења „нè повикуваат да останеме посветени на мирот и на одбраната на вредностите на меѓусебното разбирање, човековото братство и хармоничната коегзистенција“.

На средба со претставници на бугарските власти, граѓанскиот сектор и на дипломатскиот кор, понтифот истакна дека секоја религија повикува на хармонија и слога и може да придонесе за развој на културата и опкружување во кое ќе постои целосно почитување на човековата личност и неговиот дигнитет, преку создавање на витални врски меѓу цивилизациите и традициите и преку отфрлање на секоја форма на насилство и омраза.

-Благословените Свети Кирил и Методиј, копатроните на Европа, нивните молитви , нивната генијалност и нивните заеднички апостолски напори, можат да ни служат како пример и дури и еден милиениум подоцна да преставуваат инспирација за дијалог, хармонија и братство меѓу црквите, државите и народите, нагласи папата Франциск.

Коментар(1)

  1. Македонија за Рускиот Претседател Путин беше република а св Кирил и Методиј македонски просветители,самите се виновни македонците ja избегnаа Руската федерацијам,наместо да се приклучеат кон светата Русија,итаат кон Западот и Европа и Нато,кој не избришаа и како народ и како држава!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *