За ближниот

Date:

Share post:

Пред Крстопоклоната седмица многу размислував за следново: Кога помладион син расипник – т.н. блуден син, потполно се истроши самиот себе, слично како повеќето од нас од погрешниот, односно промашениот начин на живот, тој сфати дека надвор од заедницата што ја основа неговиот Татко – нашиот Бог, нема ни слобода ни љубов, и дека целиот негов подвиг, како и барањето личен однос и заедница, можат да се остварат само таму; и тој се врати при својот Татко – како и повеќето од нас кога ќе го освестиме истото. Се врати да го спаси и својот брат – поради чиј нељубовен однос си замина, и себеси, затоа што и нема друг начин како да се спаси човек себеси освен во личносна заедница и со својот брат.

Клучен момент за разбирање на Тајната на нашиот Крст е дека нашето спасение е суштински поврзано со спасението на нашиот ближен, т.е. брат, кој и да е тој и колку и лошо да се однесува кон нас. Не можеме да се спасуваме себеси без истовремено да се грижиме за спасението на нашите ближни – какви и кои и да се тие. Ако ова не се сфати – нема христијанство, нема ништо.

Неговото и нашето враќање е овозможено од односот на неговиот и наш Татко, при Кого единствено се чувствуваме љубени и слободни, и од Кого црпиме сила за лична љубов и слобода и за љубовна и слободна заедница со другите – која ги надминува димензиите на овој живот и влегува во Царството Божјо, на Новото Небо и Новата Земја. Тоа што за ваков подвиг треба внатрешно многу да се преобразиме е, пак, друга димензија на Крстот, но дали е тој подвиг правилен и успешен се гледа само од односот кон нашиот ближен – и додека е жив и по „смртта“.

Единствено на овој начин – трудејќи се и за спасението на својот брат, можеме вистински да се поклониме на распнатиот Христос.

Сознанието на вистината дека секој еден од нас е виновен за сѐ, е од суштинска помош во овој подвиг.

Пишува: Наум Струмички

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...