Почетна Вести Регион Вучиќ: Србија нема никаква поврзаност со терористот и ја осуди ваквата злоупотреба
Вучиќ: Србија нема никаква поврзаност со терористот и ја осуди ваквата злоупотреба

Вучиќ: Србија нема никаква поврзаност со терористот и ја осуди ваквата злоупотреба

365
0

Српскиот претседател Александар Вучиќ испрати телеграма со сочувство до властите во Велингтон, а шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ, покрај осудата на нападот, изјави дека и покрај разните извештаи „Србија нема никаква поврзаност со терористот и ја осуди ваквата злоупотреба“.

– Србија нема никаква врска со тоа, не бараме никого да одмазди која било српска жртва во светот. Ние го осудуваме овој вид злоупотреба. Ова е штетно за српските интереси и ние ќе го уапсиме секого за кого постои сомневање дека има таков интерес, изјави Дачиќ.

Српските медиуми во извештаите за овој терористички чин ги наведуваат деталите за убиецот Брентон Тарант, кој се поврзува со Србија и за кого западните медиуми бараат „српски корени“ или инспирација.

РТС го пренесува текстот на „Дејли Мејл“, кој го анализира „Манифестот“ на Тарант, во кој тој наведува дека е инспириран од норвешкиот десничар Андрес Брејвик, кој уби 77 луѓе во Осло во 2011 година и од десничарските движења и личности ширум светот, меѓу кои и од Русија, Бугарија, вклучувајќи го и Балканот и Србија.

– На оружјето кое го користеше во нападот испишани се датуми на битки против Отоманската Империја, како што е Битката за Виена во 1683 година, како и имињата на повеќе српски историски личности, испишани на кирилица меѓу кои и на кнезот Стефан Лазар, Милош Обилиќ, Марко Миљанов и Бајо Пивљанин, пренесува РТС.

Понатаму, Тарант во „Манифестот“ го споменува учеството на САД и НАТО во настаните во Косово, нарекувајќи го овој процес како „балканизација“ и нагласувајќи дека „никогаш нема да дозволи повторно да се повтори САД и НАТО да се борат на страната на муслиманите и да убиваат христијани во Европа“.

Српските медиуми објавија и снимки од автомобилот на Тарант пред нападите, од кој се слуша песната „Од Бихаќ, до Петрово Село“, посветена на хашкиот осуденик Радован Караџиќ.

Радио-телевизија Војводина го цитира американскиот веб-сајт „Дејли Бист“, кој објави дека терористот во „Манифестот“го спомнал поимот „мем“, што се однесува на „српските напади врз босанските муслимани“.

– Направете мемови, почитувајте ги и ширете ги. Мемовите направија повеќе за етничко-националистичкото движење отколку кој било манифест, порачува Тарант.

Белградската ТВ Н1 информира дека аналитичарите се поделени околу прашањето за „опасноста по Србија, поради српската музика“, пренесувајќи изјава на професорот на Факултетот за безбедност Зоран Драгишиќ, кој вели дека терористичкиот напад на Нов Зеланд ги става Србите и Србија во негативен контекст, поради што постои опасност од терористички напади на територијата на Србија и во Република Српска, додека воениот аналитичар Александар Радиќ вели дека слушањето српска музика нема да биде повод за напад во Србија.

Коментаторот на весникот „Политика“, Бошко Јакшиќ констатира дека на Србија „само уште ова и требало“. – Без сомнеж, ќе има некоја одмазда, вели Јакшиќ, додавајќи дека тогаш целата оваа приказна ќе биде исполитизирана во толкувањата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *