Почетна Вести Вториот човек на Ватикан в петок во Скопје ќе ја освети новата бискупска резденција
Вториот човек на Ватикан в петок во Скопје ќе ја освети новата бискупска резденција

Вториот човек на Ватикан в петок во Скопје ќе ја освети новата бискупска резденција

862
0

Државниот секретар на Ватикан, Кардиналот Пиетро Паролин в петок на 18 март доаѓа во официјална посета на Македонија, дознава „Религија.мк“.  Вториот човек на „Ватиканскиот дворец“ истиот ден, заедно со Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх, Киро Стојанов ќе ја освети новоизградената бискупска резиденција, која се наоѓа на Водно, а ќе отслужи и богослужбата што ќе се одржи во скопската катедрала „Пресвето срце Исусово“, а ќе учествува и во другите свечености што ќе ги организира Скопската бискупија.

Информациите на „Религија.мк“ велат дека Паролин во текот на престојот ќе се сретне со претставници на државниот врв во Македонија.

Посетата на Паролн на Македонија ќе биде највисоката по ранг посетата на еден функционер на Римокатоличката црква.

Пиетро Паролин стана државен секретар на Ватикан во 2013 година, а тоа е втора по важност функција во хиерархијата на Римокатоличката црква, по Папата.

Претходно беше амбасадор на Ватикан во Венецуела и заменик-министер за надворешни работи на Ватикан, а на новата функција е поставен по барање на папата Франциск.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *