Почетна Анализа Вселенскиот Собор пред сериозни предизвици
Вселенскиот Собор пред сериозни предизвици

Вселенскиот Собор пред сериозни предизвици

226
0

Како што се ближи јуни, кога на Крит треба да се одржи Големиот собор на Православната црква по повеќе од 1300 години, така се повеќе архиереи од православните цркви се изјаснуваат против заклучоците и точките кои што поглаварите на автокефалните цркви ги усвоија на последната подготвителна седница во Шамбези, Швајцарија.

По Грузискиот патријарх Илија II, кој имаше остри забелешки за предложените заклучоци, сега и еден од највлијателните архиереи на Кипарската црква, Лимасолскиот митрополит Атанасиј се изјасни против дел од предложените заклучоци.

Атанасиј со писмо го известил Синодот на Кипарската црква за неговиот став во врска со темите за Соборот на Православата црква. Тој е еден од оние кои се противат на точките поврзани со т.н. екуменизам или правците кои го одредуваат дијалогот со останатите цркви во христијанскиот свет.

-Сметам, дека она, за кое се зборува во чл. 5, а имено – за „изгубеното општење меѓу христијаните“, е погрешно, зашто Црквата, како Божји народ, се наоѓа во единство со себеси, на чело со Христос, и никогаш не го изгубила своето единство, и следствено, нема потреба повторно да го бара, затоа што отсекогаш постоело, постои и ќе постои, зашто Црквата отсекогаш постоела и ќе продолжи да постои.  Тоа што се случува, е што одделни општини и народи, или одделни личности се одделуваат од телото на Црквата, а Црквата се моли и треба да продолжи преку својата мисионерска дејност, да ги повикува сите да се вратат во покајание според канонскиот начин во Православната црква.

т.е. Не постојат други Цркви, туку единствено ереси и шизми, и затоа е редно да ја разјаснеме терминологијата. Идејата за „враќање на христијанското единство“ е погрешна, затоа што единството на христијаните, членовите на Христовата Црква, никогаш не престанало да постои, зашто тие остануваат обединети со Црквата. За жал, многупати еретици и шизматици се одделувале од Црквата, но внатрешното општење никогаш не се изгубило, пишува Атанасиј во писмото испратено до неговиот Синод.

Тој забележува дека „никаде во текстот не се споменува, дека единствениот пат, кој води до единство со Црквата е враќање во покајание на еретиците и шизматиците во Едната света, соборна и апостолска Црква Христова, која според чл.1 е нашата Православна Црква.“

-Во чл. 12 се вели, дека заедничката цел на богословските дијалози е „полното востановување на правилната вера и љубовта во единството“. Оставаме со впечатокот, дека ние, православните бараме начин да се вратиме во правилната вера и единството во љубовта, како да сме ја изгубиле правата вера и преку богословските дијалози со инославните се обидуваме да ја најдеме. Сметам, дека тоа е недопустливо за сите нас.

Спомнувањето во текстот за „Светскиот совет на црквите“ отвара можност да ја изразам мојата позиција по повод на некои доскорешни противканонски настани, кои се случија под едно или друго име, зашто во тој Совет, нашата Црква се смета за „една од многуте“ или како клон на Едната Црква, која бара начин и се бори за нејзиното востановување преку тој Световен собор. Но за нас, една е Црквата која ја исповедаме во Символот на верата, а не многу, вели кипарскиот митрополит во своето писмо.

Атанасиј потенцира дека ваквите позиции можат сериозно да ја доведат во прашање валидноста на најавениот Собор, а со тоа и неговата канонитост.

-Смирено ја изразувам мојата несогласност околу отпаѓањето на практиката на сите досега Свети Собори – локални и Вселенски, секој епископ да има и свое право на глас. Никогаш немало таква практика – секоја црква да има свој глас, кој ќе го претставуваат претстојателите како декоративен елемент на Великиот и Свет собор, лишувајќи ги о дправото на глас, вели Атанасиј, посочувајќи дека има и други забелешки на различни точки од текстот.

Претходно Грузиската православна црква не ги прифати договорените текстови за големиот собор на Православната црква. Синодот на Грузиската црква и Патријархот Илија II го отфрлија текстот на истата точка која се однесува на односите на Православната црква со останатиот христијански свет.

Грузиската црква, соопшти дека тие имаат различни ставови и не се согласуваат и со веќе договорените текстови и за други теми од седумте точки кои треба да се најдат на Соборот закажан за крајот на јуни оваа година.

Грузискиот Патријарх Илија II уште во Шамбези, во својот говор изјави дека никако не може да се согласи со тоа дека темите орфрлени од Црквата да се најдат на соборот. Тој изјави дека кое и да било решение што ќе го донесе Светиот и Голем Собор, ако црквите во полн состав не го признаат, тоа не само што ќе биде незадолжително и неприменливо за Црквите, туку може да биде причина за проблеми и да доведе до расколи.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *