Вселенскиот патријарх Вартоломеј ќе го отслужи опелото за бугарскиот патријарх Неофит

Date:

Share post:

Вселенскиот мпатријарх Вартоломеј ќе го отслижи опелото за починатиот бугарски Патријарх Неофот, соопшти БПЦ.

Погребот на Неофит ќе биде в сабота во Софија, дека претходно ќе пристигне делегација на Вселенската патријаршија, предводена од Пзтријархот Вартоломеј. Од БПЦ велат дека покани ќе бидат испратени и до останатите помесни православни цркви, но досега нема точна бројка на потврдени присуства.

Според протоколот утврден од БПЦ саботата наутро денот ќе почне со заупокоена Света литургија која ќе биде извршена од Синодот на БПЦ. Потоа опелото ќе го изврши Вселенскиот патријарх Вартоломеј заедно со претставниците на делегациите од другите цркви кои ќе пристигнат во Софија.

По завршувањето на чинот на опелото од Храмот Свети Александар Невски, до митрополитската катедрала Света Недела ќе има поворка со пренос на телото на Патријархот. Тој ќе биде погребан во црквата Света Недела во ценатрот на Софија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img