Почетна Вести Европа Вселенскиот Патријарх се вакцинираше против вирусот Covid-19
Вселенскиот Патријарх се вакцинираше против вирусот Covid-19

Вселенскиот Патријарх се вакцинираше против вирусот Covid-19

371
0

Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј денеска, четврток, 28 јануари 2021, малку пред пладне, прими вакцина против новиот коронавирус, во јавната Универзитетска клиника во Истанбул, објави Вселенската Патријаршија.

По повод оваа прилика, Неговата Сесветост му се заблагодари на докторскиот и на медицинскиот персонал на клиниката, како и на сите нивни колеги во целиот свет, за самопожртвуваноста во борбата за лекување на болните и за поддршката на нивните сродници. Посака, исто така, за скоро време да се вакцинираат што повеќе жители во светот, со цел да се прекине смртоносниот вирус, стои во соопштението на Вселенската Патријаршија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *