Почетна Вести Европа Вселенскиот патријарх: „Руските реакции се мрачна работа“
Вселенскиот патријарх: „Руските реакции се мрачна работа“

Вселенскиот патријарх: „Руските реакции се мрачна работа“

222
0

Вселенскиот патријарх на особено строг начин го коментираше решението на Руската црква да ги искористи поклониците како инструмент за вршење притисок врз Црквите кои не ги исполнуваат нивните желби.

„Навистина, имаме потешкотија да го критикуваме растечкиот тренд на претворање на светото поклонение во обичен туризам, додека гледаме како една автокефална Црква го користи благочестието и свештената љубов на своите верници како средство за вршење на економски притисок врз Грчката црква и народ, поради официјалното признавање на Православната црква во Украина, исто како што во истиот дух и најсветата ‘Тајна над тајните’, светата Евхаристија, секако од страна на Руската црква, беше искористена како инструмент против Вселенската патријаршија“ – рече Патријархот.

Во видео-порака која беше прикажана на почетокот на Четвртиот грчки семинар за поклонички патувања во Арта, Претстојателот на православните не се колебаше да ја карактеризира како „мрачна работа“ одлуката на Русите, користејќи извадок од Евангелието.

„Ако лагата ти ја нарекуваш вистина, зашто така ти одговара, тогаш твојата вистина нема никаква вредност и е една мрачна работа“ – истакна Вселенскиот патријарх – „Извикуваме со Господа: ‘Ако светлината во тебе е темнина, тогаш каква ли ќе е темнината?’“, објаснувајќи дека „Трагично е чистата намера за поклонение на верниците -кои го живеат православното благочестие и духовност во една секуларизирана околина, кои се соочени со современите предизвици и промени кои ги носи технолошката, економико-центричната и хедонистичка култура и кои од Црквата очекуваат духовна поткрепа- да се користи како предмет на злоупотреба заради постигнување на цели кои се страни на православниот црковен етос и на тој начин да се воведува секуларизација на Црквата одвнатре“.

Решението на Руската патријаршија да ги искористи поклониците како мерка на економски притисок врз Митрополиите на Грчката црква предизвика жал во земјата, додека повеќето архиереи велат дека ваквите реакции се вон црковниот ред и обичај.

Превод: Бигорски

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *