Почетна Вести Христијанство Вселенскиот патријарх пред ученици од Македонија – Константинопол е Вашата Мајка Црква
Вселенскиот патријарх пред ученици од Македонија – Константинопол е Вашата Мајка Црква

Вселенскиот патријарх пред ученици од Македонија – Константинопол е Вашата Мајка Црква

514
0

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј вчера во седиштето на патријаршијата во Фанар во Истанбул примил група ученици и професори од средното богословско училиште Свети Климент Охридски од Скопје кои биле на поклоничко патување во Вселенската Патријаршија.

Вартоломеј, како што соопшти и прес службата на Вселенската патријаршија со учениците по Богословија зборувал и за македонското црковно прашање со акцент на најновиот развој на настаните со Бугарската Православна Црква. Прес службата на Вселенскиот Патријарх го објави и говорот на Вартоломеј пред учениците, посочувајќи им де барањето признавање преку БПЦ и нејзино промовирање за Мајка Црква е погрешно, бидејќи Мајка Црква на сите балкански цркви била Вселенската – Константинополската Патријаршија.

-Сакам да го поставам ова прашање, бидејќи сакам да бидам апсолутно искрен со вас. Оваа акција на сестринската бугарска црква е погрешна. Тоа не помага. Тоа ги комплицира работите. Мајката Црква на сите балкански народи е Константинопол. Тоа го вели историјата. А она што се дискутира (БПЦ да биде мајка црква на МПЦ) е вештачки создадено мајчинство. Бугарија не може да ве воведе во канонското единство, канонските односи со другите цркви. Меѓуправославните врски мора да имаат одговорност, чесност и искреност. Секој пат кога има состанок на православните претстојатели – било тука, било во Шамбези, Вселенската патријаршија се обидува да ги стави сите меѓуправославни проблеми на масата, за да ги разговараме чесно и одговорно. Имаме многу надежи за вас и за вашето служење во Црквата во иднина. Тоа е така и покрај познатите проблеми што постојат сега меѓу Грција и вашата земја и помеѓу вашата црква и другите православни цркви. Се надеваме на нова генерација теолози и свештеници, кои можат да помогнат во зајакнувањето на врските меѓу соседните нации и православните цркви. Ние денес, нашата генерација, ќе го направиме она што може за подобрување на состојбата, особено на нашата Вселенска патријаршија која има согласна улога во меѓуправославните прашања, а потоа вашите поколенија ќе ја преземете штафетата и ќе продолжите, за да се зголемат и зајакнат овие добри врски меѓу нашите народи и цркви, изјавил Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пред учениците од Македонија..

Тој на учениците од Македонија им порачал што почесто да доаѓаат кај него и да се чувствуваат како дома, а не како странци.

-Знајте дека Ве сакам и доаѓајте кога сакате, во овој убав и историски град, каде е дворот на црквата-мајка од која и вие, и сите балкански народи, и Русија, го примивте крштевањето и светлината на христијанството. Секој пат кога ќе дојдете во Константинопол, не треба да чувствувате странци туку да се чувствувате како дома, рекол Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој им подарил и книги за историјата на Вселенската патријаршија, како и официјалните текстови на Светиот и Велики собор на Православната Црква, по што седел и на ручек со нив во патријаршиската трпезарија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *